Свет
Кина се противи на барањата на Западот за ослободување на притворените Канаѓани

Пекинг ги обвини Велика Британија и ЕУ за лицемерието зашто изразиле загриженост поради притворањето на двајца канадски државјани во Кина без да го споменат апсењето на кинескиот извршен директор во Канада, пренесува РТ.
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, рече дека Пекинг изразил силно незадоволство и решителна се противи на коментарите од Канада, САД и другите земји за притворените Канаѓани.
„Ги повикуваме релевантните земји сериозно да го почитуваат судскиот суверенитет на Кина. Поддршката од Велика Британија и од ЕУ беше ‘чудна’”, рече таа, нагласувајќи дека законските права на Канаѓаните се загарантирани, додаде Хуа.
„Кога Канаѓаните нелегално притворија извршен директор на кинеска компанија по барање на САД, каде беа тие? Нивните т.н. човекови права имаат различни стандарди за граѓаните на различни земји”, додаде Хуа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна станбен блок во Индија

Четири лица загинаа, а уште 10 се водат за исчезнати откако денеска се урна повеќекатен станбен блок во близина на Њу Делхи, јавија индиските медиуми повикувајќи се на полицијата.
Според извештаите, спасени се 14 лица. Блокот се урнал во Мустафабад во североисточниот дел на државата Делхи. Ограничените услови ја попречуваат спасувачката работа, изјави портпаролот на Националните сили за одговор при катастрофи.
Причината за уривањето се уште не е позната. Локалните медиуми јавуваат дека неодамна биле извршени градежни работи во приземјето на зградата.
Главниот министер на Делхи, Река Гупта нареди истрага за инцидентот.
Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници