Македонија
Сите креваат раце, ДУИ молчи за законот за пратенички привилегии

Пратеницте или се откажаа или чекаат погоден момент да го протуркаат законското решение за уживање привилегии откога ќе им истече мандатот. Предлог-законоското решение, со кое се предвидува пратениците по завршувањето на функцијата, да се вработат во државната администрација, засега никој не го видел, сите пратенички групи се оградуваат од него. „Макфакс“ побара да го види написмено текстот што треба да го поднесе ДУИ заедно со независните на ВМРО-ДПМНЕ. Собраниските служби информираат дека засега нема пристигнат таков предлог.
„Нема пристигнат предлог-закон или слично законско решение во Собранието. Може ќе го поднесат подоцна затоа што првин треба да се разгледа на владина седница. Кога тамуќе заврши процедурата, би требало да дојде кај нас“, брифираат од Собранието.
Законот за пратеничките бенефиции го нема ниту во Владата. Од таму информираа дека таков закон не е поднесен, ниту е ставен на дневен ред на владина седница.
Во меѓувреме, откако викендов во медиумите беа прозвани како предлагачи заедно со ДУИ, независните на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во собранието се оградија од предлог-законот. Зекир Рамчиловиќ ги отфрли информациите дека осумте пратеници од неговата група се иницијаторите.
„Сакаме да ја информираме јавноста дека ние како група ниту сме мислеле ниту сме иницирале некој закон за пратеници, сме се ангажирале за актуелните важни теми, за реформите и интеграциите“, рече Рамчиловиќ.
Иако се оградија, на затворената седница за реформските закони, според наши извори, независните барале овој закон да се протурка со група од 15 закони како услов да гласаат за СЈО и уставните измени.
Бурни реакции во јавноста следуваа кога претседавачот на групата за реформи, Реџаил Исмаили, потврди дека на седницата имало дебата и за таква идеја, но не потврди чија е иницијативата и дали тие стојат зад неа.
„Има предлог од некои пратеници, но додека не се хармонизира со Владата, не можам да ви кажам детали“, изјави тогаш Исмаили.
Од ДУИ денеска не се огласија. Ниту демантираат ниту потврдуваат. Во отсуство на нивен став остана уште една дилема: дали Исмаили од ДУИ беше само гласник или навистина тие стојат зад идејата.
И пратениците на СДСМ се тргнаа на страна од закнот. За пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, поднесувањето вакво законско решение било со цел да се дефокусира јавноста од актуелните теми важни за државата.
Ова не е првпат претенците преку закон да си бараат бенефиции. Во 2005 беше изгласан Закон што им овозможуваше предвремено пензионирање, но со одлука на Уставниот суд тој падна во вода. Четири години подоцна ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прифатија предлог-верзија на закон за вработување во администрацијата по завршувањето на пратеничката функција, но под притисок на јавноста и ова инцијатива пропадна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема индиции на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово, соопштија од Јавното обвинителсто.
„Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“, се наведува во соопштението.
Во престрелката што се случи попладнево повреден е 43-годишник З. Ш. од Слупчане, Липково. Мажот бил застрелан од лица во движење кои пукале кон возилото кое го управувал.
Македонија
Поради сериозни пропусти, Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, информира дека Владата еднострано го раскина Договорот за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Лавинчеви“, во атарот на село Страчинци, општина Гази Баба, склучен со „Мелкам Инжинеринг“ од Скопје.
Одлуката, според Меџити е донесена поради сериозни пропусти.
„Концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто според договорот, односно 25.000 тони годишно, во 2022 година биле ископани само 277 тони, во 2023 година нема активност, а во 2024 година само 187 тони. Активностите биле често прекинувани и не се почитувани законските обврски, исто така концесионерот не платил концесиски надоместок за ископаните количества во последните три години“, изјави Меџити.
Меџити рече дека вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини потврди дека концесионерот не го исполнил договорот и имало долгогодишен прекин во активностите.
Со оваа одлука престанува да важи доделувањето на концесијата, а сите надлежни институции се известени за понатамошни мерки.
Македонија
Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман: две лица уапсени

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
„Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации поврзани со две приватни установи за социјална заштита на стари лица. Денеска се вршат претреси на уште две поврзани локации. До овој момент две лица се лишени од слобода.
На лице место, покрај претставниците од МВР и обвинителството, присуствуваат и инспектори од Министерството за социјална политика, демографија и млади, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, како и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство. Во акцијата се вклучени и претставници од Центрите за јавно здравје, доктори од Итната медицинска помош и од Институтот за судска медицина и криминалистика.