Спорт
Честит Божиќ од Роналдо, Бекам и другите фудбалски ѕвезди (галерија)
Вечерва е голем празник за поголемиот дел од христијаните кои го празнуваат Божиќ по јулијанскиот календар, и тоа секако ги вклучува и фудбалските ѕвезди, кои преку своите социјални мрежи посакаа многу среќа и радост за сите.
Од Дејвид Бекам, семејство…


Вечерва е голем празник за поголемиот дел од христијаните кои го празнуваат Божиќ по јулијанскиот календар, и тоа секако ги вклучува и фудбалските ѕвезди, кои преку своите социјални мрежи посакаа многу среќа и радост за сите.
Од Дејвид Бекам, семејството на Кристијано Роналдо, до Серхио Рамос и Бастијан Швајнштајгер и неговата сопруга Ана Ивановиќ. Да не го заборавиме и Патрис Евра и неговиот чуден Инстаграм профил… Честит Божиќ на сите.
Merry Christmas. Let it be a magical time with your loved ones. Because they are the greatest value we have.?❤️ pic.twitter.com/ex616BjNLB
— Robert Lewandowski (@lewy_official) December 24, 2018
Feliz Natal a todos, em especial à nossa família e amigos ??❤️
R,D,M&M ❤️ pic.twitter.com/pOIbrRjHZm— Ruben Neves (@rubendsneves_) December 24, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Шортс ги избриша солзите, па премина во Панатинаикос

Плејмејкерот и член на идеалниот состав на Евролигата, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е член на Париз, а клубот сподели видео порака во која натурализираниот репрезентативец на Северна Македонија, висок 175 см, се збогува со шампионите на Франција.
„Постојат многу емоции зад оваа одлука и дефинитивно не ми беше лесно да го напуштам Париз. Ова беше мој дом две години“, започна 27-годишниот Шортс откако ги избриша солзите.
Merci pour tout @TjShorts5 🐐🙏
Le club te souhaite le meilleur dans la suite de ta carrière 🖤❤️💙 pic.twitter.com/ZMcZkf5K98
— Paris Basketball (@ParisBasketball) June 26, 2025
Шортс откри дека се консултирал со својот агент и семејството пред да одлучи кога е вистинско време да го напушти Париз и да проба нешто ново.
Тој го издвои освојувањето на Еврокупот како свој омилен момент во клубот, а Шортс се стреми кон поголеми цели – стана член на Панатинаикос, и помина долго време пред да биде објавен тој трансфер.
Атинскиот гигант донесе член на идеалната петорка на Евролигата за минатата сезона за две сезони, а грчката SDNA тврди дека договорот нема клаузула за „излегување од НБА“ за ова лето.
Офанзивниот арсенал на „зелените“ стана многу помоќен со доведувањето на човек кој бележеше просек од 18,7 поени и 7,5 асистенции по натпревар во натпреварите од Евролигата со 2,7 скока и 1,1 украдени топки, а ќе биде интересно кога ќе биде спарен со Кендрик Нана, најкорисниот играч на елитното континентално натпреварување минатата сезона.
Парижаните ќе го паметат Шортс по споменатиот Еврокуп 2024, но и по освојувањето на првата титула национален шампион во кратката историја на клубот по победата над Монако со 3:2 во финалната серија.
Тимот предводен од турскиот стручњак Ергин Атаман минатата сезона важеше за „супер тим“, но не успеа бидејќи го испушти финалето на Евролигата и титулата во грчкото првенство, но го освои домашниот Куп.
Спорт
Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС

Здружението на играчи од МЛС објави податоци за платите на сите играчи со важечки договори заклучно со мај 2025 година, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси.
Напаѓачот на Интер Мајами, кој има 38 години, ја задржа водечката позиција втор пат по ред. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација е 12 милиони долари, а вкупната загарантирана компензација е дури 20,4 милиони долари.
Оваа бројка го вклучува основниот договор плус бонуси и други додатоци за време на траењето на договорот. Меси е лидер во двете категории, далеку пред другите ѕвезди на лигата.
Вториот најплатен играч во МЛС е Лоренцо Инсиње (Торонто) со 15,4 милиони долари. Италијанецот е единствениот покрај Меси кој заработува повеќе од 10 милиони по сезона.
Меѓу првите 10 се и: Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8, Мигел Алмирон (Атланта) – 7,9, Ирвин Лозано (Сан Диего) – 7,6, Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3, Емил Форсберг (Њујорк Ред Бул) – 6,03, Жорди Алба (Интер Мајами) – 6, Рики Пуч (Лос Анџелес Галакси) – 5,8 и Џонатан Бамба (Чокаго) – 5,6.
Освен доминацијата на теренот, Меси е и маркетиншка машина. Интер Мајами забележа огромен пораст на вредноста, гледаноста и продажбата на дресови откако тој пристигна во Мајами.
Спорт
Холандски репрезентативец го засили Наполи

Ноа Ланг е првото засилување за Наполи во актуелниот преоден рок. Холандскиот репрезентативец, кој ги помина последните две сезони во ПСВ, потпиша петгодишен договор.
Клубот од Ајндховен ќе добие 25 милиони евра плус бонуси кои би можеле да достигнат пет милиони евра.
Ланг, е продукт на младинската академија на Ајакс, минатата сезона одигра 44 натпревари, постигнува 14 гола и забележа 12 асистенции.