Спорт
Етори: Да беше скромен Анри немаше да ја прифати работата
Легендата на Монако, Жан-Лук Етори, не се согласува дека потегот на Тиери Анри да се го преземе тимот бил „храбар потег на човек што сака да помогне“.
Етори има одиграно 602 натпревари за Монако, а во 1995 година бил и тренер на екипата од „малото кнеж…
Легендата на Монако, Жан-Лук Етори, не се согласува дека потегот на Тиери Анри да се го преземе тимот бил „храбар потег на човек што сака да помогне“.
Етори има одиграно 602 натпревари за Монако, а во 1995 година бил и тренер на екипата од „малото кнежевство“. За потегот на Анри без размислување да ја прифати понудата на клубот рекол дека „тука нема никаква скромност“.
Тој потсетил дека Анри во Монако дошол без тренерско искуство и без претходно да се запознае со состојбата во клубот, но и во самата лига. Покрај тоа тој верува дека Анри зад себе нема ниту добар стручен тим.
„Иако бевме во тешка ситуација Жердим (претходниот тренер) беше човекот кој можеше да не извади од оваа тешка ситуација. Оваа одлука е избрзана. Жардим набрзина замина, а Анри пребрзо стигна. Не сакам да бидам тој што го критикува, но не бил ниту малку скромен кога ја прифатил оваа работа. Ако си бил добар играч, не значи дека можеш да дојдеш и веднаш да работиш во Лига 1 која воопшто не ја познаваш“, рекол Етори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона освои само еден бод против Хетафе
Фудбалерите на Хетафе ремизираа 1:1 на домашен терен со Барселона во 20. коло од шпанската Примера.
Избраниците на Ханси Флик поведоа уште во деветтата минута по брилијантната асистенција на Педри, стрелец беше десниот бек, Жил Кунде.
Кунде подоцна можеше да запише асистенција, но по неговото додавање ударот на рафиња заврши крајот голот.
Хетафе изедначи од првата вистинска шанса, во 34.минута стрелец беше Мауро Арамбари.
Овој резултат остана до крајот на натпреварот, иако гостите драстично имаа повеќе посед и многу повеќе удари кон голот.
Каталонците имаа идеална можност, по неочекуваниот пораз на Атлетико Мадрид од Леганес, да се доближат до лидерот во Примера на само три бода. Вака по денешните резултати најмногу причини за задоволство имаат во Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Голема победа на Наполи во Бергамо
Фудбалерите на Наполи остварија голема победа во натпреварот од 21. коло на Серија А против Аталанта со 3:2.
Ова беше дуел меѓу првиот и третиот тим во Серија А, а по оваа победа Наполи има седум бода повеќе од тимот од Бергамо.
Избраниците на Антонио Конте ја забележаа шестата победа во низа и сега се на врвот на табелата, а главениот ривал Интер со два натпревари заостанува шест бода зад Наполитанците.
Спектаклот на стадионот во Бергамо го отвори Матео Ретеги со својот гол во 16. минута од натпреварот. Наполи имаше одговор на предноста на Аталанта. Во 27. минута Матео Политано го израмни резултатот.
Целосен пресврт Наполи направи во финишот на првиот дел Скот Мектоминај го совчада Карнесеки.
Драмата продолжи и во второто полувреме. Изедначи најдобриот играч на Аталанта, Адемола Лукман.
Голема шанса потоа имаше Лазар Самарџиќ се најде сам пред Мерет, но голманот на Наполи успеа да одбрани.
Наполи до нова предност, која ја задржа до крајот дојде во 78. минута, кога погоди Лукаку по центаршутот на Ангиса.
Спорт
ИХФ парично го казни РФМ и ја предупреди Македонија дека може да игра и без публика на СП
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Светската ракометна федерација (ИХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија, но и Ракоментниот сојуз на Хрватска за случувањата по завршувањето на натпреварот Македонија-Холандија, во Вараждин.
Натпреварот заврши со победа на Холандија 37:32. Македонските навивачи, незадовлни од судењето на данската двојка Хансен-Мадсен, во финишот на натпреварот фрлаа предмети на теренот, а откако натпреварот заврши продолжија поради што Холанѓаните веднаш се повлекоа во соблекувалната.
ИХФ соопшти дека Ракометната федерација на Македонија е казнета со 10.000 швајцарски франци за инцидентот кој го иницираа македонските навивачи. Со 10 швајцарски франци е казнет и Ракометниот сојуз на Хрватска како организатор на натпреварот.
Во соопштението ИХФ потенцира дека дека секој сличен инцидент ќе значи бркање на македонските навивачи од натпреварите, а Хрватска како домаќин ќе остане без организација на натпревари во Вараждин.
ИХФ му налоѓи на организаторот , да го затвори просторот за гледачи зад тимските клупи.