Спорт
Пливачот Евгениј Поп Ацев прогласен за спортист на годината на Град Скопје
Пливачот Евгениј Поп Ацев го доби признанието за најдобар спортист на годината на Град Скопје.
На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следниве категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.
Категорија најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):
1. Евгениј Поп Ацев – Академски пливачки клуб „Студент“
3. место во вкупен пласман на Светски куп во маратонско пливање на ранг-листа на меѓународната пливачка федерација
2. Бобан Илиоски – Кикбокс клуб „Шампион“
Сребрен медал Светско првенство маитаи, Канкун – Мексико
3. Дејан Недев – Карате клуб „Работнички“
Двократен шампион на Европа во кати и кумите за сениори на Европски шампионат, Белград – Србија
4. Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб „Вардар“
1. место во регионална СЕХА-лига;
4. место во ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите
11. место на ЕХФ ЕУРО 2018 во Хрватска со репрезентација на Македонија
5. Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб „Бутел“
Бронзен медал Европско првенство У21, Варшава – Полска
Сребрен медал Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
Златен медал Балканско првенство, Букурешт – Романија
Златен медал Европски таеквондо игри, Пловдив – Бугарија
6. Ненад Келебиќ – Карате клуб „Цветан Димов“
Бронзен медал на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија
7. Дарио Ивановски – Здружение атлетски клуб „Работнички“
1. место на Белградски полумаратон;
1. место на Визер скопски маратон;
10. место на 1 500 метри на Медитерански игри, Тарагона – Шпанија;
4. место на 3 000 метри на Балкански игри на отворено, Стара Загора – Бугарија;
14. место на 1 500 метри на Светско првенство во сала, Бирмингем – Велика Британија
8. Фати Вејсели – Здружение боречки клуб „Лирија 2010“
5. место на Светско првенство за јуниори, Трнава – Словачка;
10. место на Европско првенство за сениори до 23 години, Истанбул Турција;
2. место Балканско првенство за јуниори, Тирана – Албанија
9. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб „Делта“
3. место Скопски маратон
4. место маратон, Подгорица
10. место маратон, Холандија
1. место полумаратон, Грција
4. место полумаратон, Грција
10. Дрита Ислами – Атлетски клуб „Работнички“
9. место на Медитерански игри 400м со пречки
5. место на Балканско првенство – 400м со пречки

Категорија најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени)
1. Фахик Весели – Шотокан карате клуб „Олимпик“
Бронзен медал на Младински олимписки игри во Буенос Аирес
2. место на Европско првенство во Сочи, Русија
2. Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб „Бутел“
Бронзен медал Светско јуниорско првенство, Тунис
Сребрен медал Софија опен Г1, Софија – Бугарија
Бронзен медал Турција опен Г1, Турција
Сребрен медал Балканско првенство, Букурешт – Романија
3. Хамза Јашари – Здружение на граѓани џудо клуб „Миоки“
3. место на Европско првенство за кадети
4. Викторија Варадинова – Кикбокс клуб „Шампион“
Бронзен медал на Светско првенство во кикбокс, Лидо ди Јесоло – Италија
5. Абдурахим Идризи – Карате клуб „Макпетрол“
Златен медал на Светски младински карате куп, Умаг – Хрватска
Златен медал на Балканско првенство за кадети, јуниори У21, Дубровник – Хрватска
Категорија најталентиран млад спортист – кадет
1. Бесир Алили – Здружение боречки Клуб „Лирија 2010“
2. место на Европско првенство во борење – кадети
Најуспешен тренер
1. Бошко Заборски – Карате клуб „Макпетрол“
Најуспешна спортска екипа од Скопје
1. АД Женски Ракометен клуб „Вардар“
1. место во женска регионална СЕХА-лига;
2. место во ЕХФ Лигата на шампионите
Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје
1. Иван Чупиќ – АД Ракометен клуб „Вардар“
1. место регионална СЕХА-лига
4. место ВЕЛУКС ЕХФ Лигата на шампионите
Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби
1. Стоилко Стоицев – Здружение планинарски клуб „Македон“
Оваа година успешно го искачи највисокиот врв во Европа, Елбрус, 5642 метри, и стана првиот Македонец како лице со хендикеп (лице со оштетен вид) што го има искачено врвот.
Признанијата за најуспешните спортистки, спортисти, тренер и спортска екипa за 2018 година ги доделува Градот Скопје, а технички организатор на манифестацијата е Сојузот на спортови на Скопје. За оваа традиционална манифестација Град Скопје издвојува 300 000 денари.
На доделувањето на наградите присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и Дарко Каевски, директор на Агенција на млади и спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флег игра чудесна руки сезона во НБА лигата
Купер Флег, 19-годишниот дебитант на Далас Маверикс и првиот избор на овогодинешниот НБА драфт, продолжи со одлични игри во својата прва сезона.
Флег, во поразот 100:110 против Бостон Селтикс, стана најмладиот играч во историјата на НБА кој постигнал најмалку 30 поени во три последователни натпревари.
Неговиот настап, како што објавија американските медиуми, во моментов малку им значи на Мавс, кои беа поразени во сите тие натпревари, но јасно укажува дека Флег е сегашноста и светлата иднина на клубот.
Последните три натпревари на Флег:
49 поени, 10 скока, 3 асистенции (пораз од Шарлот Хорнетс 121:123)
34 поени, 12 скока, 5 асистенции (пораз од Хјустон Рокетс 107:111)
36 поени, 9 скока, 6 асистенции (пораз од Бостон Селтикс 100:110)
Заедно со оваа статистика, НБА наведува дека Флег, роден на 21 декември 2006 година, стана најмладиот кошаркар во историјата на НБА кој одиграл три последовни натпревари со 30+ поени.
Исто така, само четворица тинејџери во НБА имале повеќе од еден одигран натпревар со 30+ поени, 5+ скока и 5+ асистенции. Тоа се Леброн Џејмс (4 такви натпревари), Кевин Дурант (2) и Лука Дончиќ (2).
Со своите неодамнешни 49 поени, тој го постави рекордот во НБА за бројот на постигнати поени од тинејџер во еден натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
Јилдиз ќе потпише нов договор со Јувентус
Според извештаите од Италија, ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз (20), е подготвен да потпише нов, подобрен долгорочен договор со клубот, до летото 2030 година. Со новиот договор, турскиот напаѓач би добил значително зголемување на платата.
Тековниот договор на Јилдиз е до летото 2029 година, но „бјанконерите“ сакаат да го наградат за неговите одлични настапи и да го обезбедат неговиот престој.
Откако се појави на сцената во 2023 година, турскиот интернационалец го привлече интересот на бројни клубови. Затоа, Јувентус сака да му понуди подобрени услови за да го задржи на стадионот „Алијанц“ во годините што доаѓаат.
Неговата моментална плата наводно е 1,7 милиони евра по сезона, што значи дека тој не е ниту меѓу 15-те најплатени играчи во тимот.
Новиот договор би му донел годишна плата од околу шест милиони евра. Исто така, се шпекулираше дека Јилдиз би можел да стане еден од најплатените, ако не и најплатениот играч во тимот.
Според новинарот Ромео Агрести и порталот „Ilbianconero.com“, двете страни ги договараат последните детали, а потпишувањето на новиот договор сќе се случи наскоро. Во извештај објавен во вторникот се вели дека договорот би можел да биде склучен до крајот на оваа недела.
Foto/ depositphotos
Спорт
ФИФА даде зелено светло: Канте во Фенербахче, Ен Несири во Ал Итихад
Административниот проблем, кој се испречи пред Нголо Канте, го реши ФИФА. Светската фудбалска федерација даде зелено светло и му овозможи на фудбалерот да се пресели во Фенербахче.
Според договорот меѓу клубовите, Канте го напушти Ал Итихад и стана нов играч на Фенербахче, додека Јусеф Ен Несири замина во спротивна насока.
Договорот, кој за малку немаше да биде реализиран, поради грешката на Судијците, беше завршен со директна интервенција на ФИФА, надвор од вообичаените процедури и временски ограничувања.
Условите на размената останаа непроменети. Фенербахче доби искусен играч од средниот ред, но и 10 милиони евра, како компензација за заминувањето на многу помладиот Ен Несири.
Ал Итихад, од друга страна, го реши проблемот во нападот и донесе играч кој треба да ја преземе улогата на прв напаѓач во тимот.
На крајот, сите страни излегоа како победници од овој необичен трансфер.

