Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Џафери на шверцерски начин носат важни закони во државата
СДСМ и владејачкото мнозинство продолжуваат да ја погазуваат парламентарната демократија и дебатата во Собранието. Денеска, во Собранието, Талат Џафери по скратена постапка поднесе два значајни закона, и тоа измени и дополнувања на Кривичниот законик, како и целосно нов закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Ова е шверцерски начин на носење два значајни закона во државата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, во согласност со член член 170 од Деловникот на Собранието, предлагачот на предлогот на законот може да му предложи на Собранието да расправа по предлогот на законот по скратена постапка во случај кога:
– не е во прашање сложен и обемен закон,
– престанок на важноста на некој закон или одделни одредби од некој закон или
– не се во прашање сложени или обемни усогласувања на законот со правото на Европската Унија.
Ниту еден од гореспоменатите услови не го исполнуваат овие два закона за да бидат поднесени по скратена постапка.
Да биде трагедијата уште поголема, Владата овие два закона ги достави во Собранието по редовна постапка, при што законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси го помина првото читање на комисија и на пленарна седница поради што беше и закажана Комисија за политички систем за петок 28.12.2018, со цел да се разгледа законот во второ читање за што СДСМ има поднесено 40-ина амандмани.
И сега Владата ги повлекува овие закони и се предлагаат од страна на пратениците од власта, и тоа по скратена постапка.
Ова е доказ дека Владата и владејачкото мнозинство бегаат од дебата и транспарентност. Самиот факт што не дозволуваат во Собранието да се дебатира, значи дека кријат од јавноста и експертите ваквите закони да бидат разгледани и оценети.
СДСМ и Талат Џафери Собранието го претворија во синоним на нетранспарентност и газење на легислативата и процедурата. Досега јавноста беше сведок на кратење дебата преку поставување европски знамиња за акти што тоа не треба да го имаат, за оневозможување расправа, за оневозможување поднесување амандмани и редица други прекршувања.
Денешниот случај уште еднаш потврди дека Собранието од дом на народот се претвори во дом на Заев и криминалниот картел на власт, кои го злоупотребуваат за носење решенија што ќе ги заштитат од гонење на нивните криминали и коруптивни скандали“, се додава во реакцијата на опозициската партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.