Свет
(Видео) Го остави кучето на улица, а тоа се обидуваше да се врати во автомобилот

Надзорната камера на улиците во Велика Британија снимила момент кога маж го остава своето куче на улица, а видеото натажи многумина на социјалните мрежи.
„Снимката морате да ја видите за да поверувате што се случило, грозно е“, рекла Натали Переховски од здружението за заштита на животни RSPCA за немилосрдниот чин на оставање на домашно милениче.
„Да го видите тоа јадно куче како скока по автомобилот ќе ви го скрши срцето. Не можам да поверувам дека некој може да направи такво нешто“, додала Переховски.
Здружението The Royal Society for the Prevention of Cruelty to Animals ( RSPCA) отвори истрага против сопственикот на напуштеното куче.
„Ветеринарите го скенираа микрочипот и влеговме во трага на двајца сопственици во округот, но не веруваме дека тие се моменталните сопственици на кучето“, рекла Переховски.
Ветаринарниот персонал кучето го нарече Снуп и, како што велат тие, тој е во добра состојба. Има околу 2 години, а веќе променил тројца сопственици и сега ги чека новите.
Тажната приказна се прошири на интернет и предизвика различни реакции, од тага до бес, а некои споделиле и свои позитивни искуства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.