Македонија
Седница на Советот на Град Скопје
Советот на Град Скопје на 24-та седница, која ќе се одржи денеска, ќе разгледува и ќе расправа за поголем број предлог-одлуки и програми за работата на Градот Скопје, информираат од оттаму.
„На денешната седница Советот ќе расправа по предлог-одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај за финансиско учество во целосната реконструкција на локалниот пат село Копаница, општина Сарај. Со оваа одлука се предвидува учество на Градот Скопје во целосната реконструкција на локалниот пат, со што ќе се создадат услови за решавање на еден од важните инфраструктурни проблеми на жителите во овој дел од Скопје. Со оваа одлука е предвидено Градот Скопје да учествува со 20 милиони денари, средства што ќе се обезбедат од буџетите на Град Скопје за 2019 и за 2020 година, а Општина Сарај да учествува со 15 милиони денари“, информираат од Град Скопје.
Дополнително, се наведува во соопштението на денешната седница советниците ќе расправаат и за предлог-одлуката за давање субвенции на ЈП„Улици и патишта“- Скопје со која се одобрува субвенционирање на јавното претпријатие за набавка на топ-возило, односно специјализирано возило со дигалка и корпа, во износ на 5 милиони денари. А вработените во ЈП „Улици и патишта“, како што посочија од Град Скопје, ова возило би го користеле за поправка и монтирање семафори на градските улици.
Советниците на Град Скопје на денешната седница, исто така, ќе расправаат и по предлог-програмата на активностите од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на град Скопје за 2019 година.
„Со оваа програма се утврдуваат мерките и активностите за заштита и унапредување на животната средина и природата на подрачјето на Скопје, преку конкретни активности во рамките на сите медиуми (воздухот, водата и почвата) и области на животната средина (отпадот, бучавата, нејонизирачкото зрачење, природата, биодиверзитетот, климата) и сите елементи што претставуваат неделива целина од животната средина. Програмата всушност ги дефинира конкретните проекти, потребата од нивна реализација и целите што ќе се постигнат, како и износот на потребните финансиски средства“, се наведува во соопштението.
Советот на Град Скопје на денешната седница ќе решава и за предлог-одлуките за субвенционирање на повеќе јавни претпријатија на Градот, за предлог-програмата за изработување урбанистички планови на Град Скопје за 2019 година, предлог-програма за поддршка на локалниот економски развој на Скопје за 2019 година, како и за измените и дополнувањата на поголем број програми за работа на Градот Скопје за 2019 година, информираат оттаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

