Вести
Новиот советник на Нетанјаху: Обама е антисемит, Кери е смешен

Новиот советник за односи со јавноста на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, 42-годишниот професор по филозофија и историја и уредник на контроверзен политички портал Ран Барац, го обвини американскиот претседател Барак Обама за антисемитизам, а менталните способности на американскиот државен секретар Џон Кери ги спореди со дванаесетгодишник.
Како шеф на јавната дипломатија и медиумите, Ран Барац, кој на позицијата е именуван во средата, ќе биде задолжен за поправање на имиџот на Израел во светот. Меѓутоа, веднаш предизвика негативни реакции, со неговите постови на Facebook. Овој скандал доаѓа само неколку дена пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Вашингтон, каде што треба да ги ублажи тензиите предизвикани со склучувањето на нуклеарниот договор со Иран, за што се залагаше американскиот претседател Барак Обама, а жестоко се спротиставуваше Нетанјаху, а времето на носењето на таа одлука поставува голем број прашања.Само неколку часа по именувањето на Барац, израелскиот медиуми почнаа да објавуваат низа негови контроверзни коментари и написи, кои, како што се чини, од кабинетот на Нетанјаху не ги провериле.Неименуван функционер рекол за Reuters дека Барац во телефонски разговор и писмено му се извинил на Нетанјаху кој се дистанцирал од таквите изјави, но одлуката за неговото именување не ја повлекол. Функционерот додал и дека двајцата, на барање на Барац, ќе се сретнат по враќањето на израелскиот премиер од САД следната седмица.„Штотуку прочитав некои работи коишто д-р Ран Барац го објавил на интернет, вклучително и коментарите за израелскиот претседател, претседателот на САД и за други јавни личности тука и во САД. Тоа се непристојни изјави и тие не ги одразуваат моите ставови или владината политика“, изјави во соопштение Нетанјаху.Барац во март на Facebook објавил дека одговорот на Обама на говорот на Нетанјаху во американскиот Конгрес со кој го критикуваше и бараше да не се потпишува нуклеарниот договор со Иран, „беше она како модерниот антисемитизам изгледа во западните и либерални држави“.Ланскиот ноември, пак, за американскиот државен секретар Џон Кери напишал дека се „смешни“ неговите изјави по повод муслимански празник, кога рекол дека челниците од Блискиот исток му рекле дека емоциите предизвикани од израелско-палестинскиот судри се важен фактор во привлекувањето борци за екстремната сунитска организација Исламска држава.„Ова е време на државниот секретар да му посакаме успех и да го вратиме времето две години наназад со надеж дека некој во Стејт департментот тогаш ќе се разбуди и ќе почне да го гледа светот со очите на маж кој е на повисоко ментално ниво од 12-годишниј“, напишал тогаш Барац.Портпаролот на Белата куќа, Џошуа Ернест во Вашингтон го поздрави извинувањето на Барацц и додаде дека неговите коментари нема да им наштетат на настојувањата на Обама и Нетанјаху да работат во полза на заедничкиот интерес. „Очигледно е дека неговото извинување е изнудено. Но премиерот Нетанјаху има право самиот да донесе одлука за тоа кој ќе работи во неговата влада, ќе го претставува него и неговата земја“, додаде Ернест./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.