Црна хроника
Кривична против гостиварец поради упатени закани по живот кон полициски службеник и неговото семејство
Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гостивар поднесе кривична пријава против 40-годишениот гостиварец И.Ч. поради сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
„На 9.12.2018 година пријавениот, поради настан од 2012 година во кој над истиот биле преземени службени дејствија од страна на полициски службеник од Полициска станица -Гостивар, преку телефонски пораки и на социјалната мрежа ‘Фејсбук’ упатил закани по животот на полицискиот службеник и животот на членовите на неговото семејство“, стои во соопштението на МВР.
Од полицијата додаваат дека пријавениот неколку дена подоцна, исто така на социјалната мрежа „Фејсбук”, објавил и слика од оштетениот, во прилог на која навел коментар со заканувачка содржина кон истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош од две двојно постари лица
Синоќа во градски автобус на подрачјето на Карпош, Н.Ј.(23) од Скопје бил физички нападнат од Ј.И.(58) и 50 – годишната Л.И., двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат
Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит Пазар, нејзините малолетни деца биле физички нападнати од двајца малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.
Топ
Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница
Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово.
Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во Ургентниот центар.
Засега е познато дека зад нападот стои едно лице, но од МВР без детали што претходело и дали двајцата се познавале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.