Свет
Техеран во преговори со авганистанските талибанци
Иран одржа преговори со авганистанските талибанци во период кога САД размислуваат за повлекувањ е на своите трупи, изјави еден од највисоките безбедносни службеници во земјата, пренесува агенцијата „Тасним“.
Авганистанската влада е информирана за комуникациите и разговорите што се спроведуваат со талибанците и овој процес ќе продолжи, рече Али Шамхани, секретар на Иранскиот Врховен совет за национална безбедност, во средата.
Нема детали за тоа каде се одвивале разговорите.
Новинската агенција се смета за блиска до Иранската револуционерна гарда. Шамхани ги информираше авганистанските власти за преговорите за време на посетата на Кабул во средата.
„Исламската Република секогаш била еден од основните столбови на стабилност во регионот и соработката меѓу двете земји сигурно ќе помогне во решавањето на безбедносните прашања во Авганистан”, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

