Спорт
Модриќ е најдобар на Балканот во 2018
Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ е најдобриот спортист на Балканот во 2018 година. Изборот традиционално, уште од 1973 година, го организира Бугарската новинска агенција, а гласаат новинските агенции од регионот.
Модриќ …
Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, е најдобриот спортист на Балканот во 2018 година. Изборот традиционално, уште од 1973 година, го организира бугарската новинска агенција, а гласаат новинските агенции од регионот.
Модриќ е вториот фудбалер кој во изборот на БТА е прогласен за најдобар, по Христо Стоичков во 1994 година. Играчот на Реал претходно од страна на ФИФА и „Франс фудбал“ беше пргласен за најдобар фудбалер во светот, а вчера во изборот за спортист на Европа, што го организира полската новинска агенција, заврши на второто место, зад Новак Ѓоковиќ.
Капутенот на Хрватска во гласањето освоил 75 од можните 90 гласа.
На второто место заврши Новак Ѓоковиќ, кој од 2011 до 2015 година ја освојуваше оваа награда.
Трета е Симона Халеп, најдобрата во светот на тенисот.
Кога станува збор за македонските спортисти, најмногу бодови освоил фудбалерот Езџан Алиоски. Тој во изборот заврши на 17.место, а четири места подолу е капитенот на ракометната репрезентација Кире Лазаров.
Најдобрите спортисти на Балканот за 2018 година:
1. Лука Модриќ (Хрватска, фудбал) – 75
2. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) – 73
3. Симона Халеп (Романија, тенис) – 65
4. Елефтериос Петруниас (Грција, гимнастика) – 46
5. Марин Чилиќ (Хрватска, тенис) – 36
6. Сандра Перковиќ ( Хрватска, атлетика) – 33
7. Тијана Бошковиќ (Србија, одбојка) – 25
8. Тајбе Јусеин (Бугарија, борење) – 20
9. Рами Гулиев (Турција, атлетика) – 18
10. Катерина Стефаниди (Грција, атлетика ) – 15
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона освои само еден бод против Хетафе
Фудбалерите на Хетафе ремизираа 1:1 на домашен терен со Барселона во 20. коло од шпанската Примера.
Избраниците на Ханси Флик поведоа уште во деветтата минута по брилијантната асистенција на Педри, стрелец беше десниот бек, Жил Кунде.
Кунде подоцна можеше да запише асистенција, но по неговото додавање ударот на рафиња заврши крајот голот.
Хетафе изедначи од првата вистинска шанса, во 34.минута стрелец беше Мауро Арамбари.
Овој резултат остана до крајот на натпреварот, иако гостите драстично имаа повеќе посед и многу повеќе удари кон голот.
Каталонците имаа идеална можност, по неочекуваниот пораз на Атлетико Мадрид од Леганес, да се доближат до лидерот во Примера на само три бода. Вака по денешните резултати најмногу причини за задоволство имаат во Реал Мадрид.
Спорт
(Видео) Голема победа на Наполи во Бергамо
Фудбалерите на Наполи остварија голема победа во натпреварот од 21. коло на Серија А против Аталанта со 3:2.
Ова беше дуел меѓу првиот и третиот тим во Серија А, а по оваа победа Наполи има седум бода повеќе од тимот од Бергамо.
Избраниците на Антонио Конте ја забележаа шестата победа во низа и сега се на врвот на табелата, а главениот ривал Интер со два натпревари заостанува шест бода зад Наполитанците.
Спектаклот на стадионот во Бергамо го отвори Матео Ретеги со својот гол во 16. минута од натпреварот. Наполи имаше одговор на предноста на Аталанта. Во 27. минута Матео Политано го израмни резултатот.
Целосен пресврт Наполи направи во финишот на првиот дел Скот Мектоминај го совчада Карнесеки.
Драмата продолжи и во второто полувреме. Изедначи најдобриот играч на Аталанта, Адемола Лукман.
Голема шанса потоа имаше Лазар Самарџиќ се најде сам пред Мерет, но голманот на Наполи успеа да одбрани.
Наполи до нова предност, која ја задржа до крајот дојде во 78. минута, кога погоди Лукаку по центаршутот на Ангиса.
Спорт
ИХФ парично го казни РФМ и ја предупреди Македонија дека може да игра и без публика на СП
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Светската ракометна федерација (ИХФ) ја казни Ракометната федерација на Македонија, но и Ракоментниот сојуз на Хрватска за случувањата по завршувањето на натпреварот Македонија-Холандија, во Вараждин.
Натпреварот заврши со победа на Холандија 37:32. Македонските навивачи, незадовлни од судењето на данската двојка Хансен-Мадсен, во финишот на натпреварот фрлаа предмети на теренот, а откако натпреварот заврши продолжија поради што Холанѓаните веднаш се повлекоа во соблекувалната.
ИХФ соопшти дека Ракометната федерација на Македонија е казнета со 10.000 швајцарски франци за инцидентот кој го иницираа македонските навивачи. Со 10 швајцарски франци е казнет и Ракометниот сојуз на Хрватска како организатор на натпреварот.
Во соопштението ИХФ потенцира дека дека секој сличен инцидент ќе значи бркање на македонските навивачи од натпреварите, а Хрватска како домаќин ќе остане без организација на натпревари во Вараждин.
ИХФ му налоѓи на организаторот , да го затвори просторот за гледачи зад тимските клупи.