Вести
Директорот на CIA призна дека агенцијата користела „одвратни“ методи

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција CIA, Џон Бренан, изјави дека некои агенти употребувале „одвратни техники“ за испрашување, и оти „не е можно да се знае“ дали со ткн засилен техники на испрашување успеале од осомничените за тероризам да извлечат корисни податоци.
„Веќе реков дека нашите податоци покажуваат дека програмата за притворање и испрашување дала корисни разузнавачки податоци коишто помогнаа САД да спречат напади, да фатат терористи и да спасат животи“, изјави Џон Бренан на конференцијата за новинарите во четвртокот во седиштето на CIA во сојузната држава Вирџинија, пишува Reuters
„Меѓутоа, ќе бидам јасен Не заклучивме дека токму употребата на тие засилени методи на испрашување (EIT) во рамките на програмата овозможиле добивање на корисни информации од затворениците кои биле подложени на нив. Причинско-полседичните врски меѓу употребата на засилените методи на испрашување и добивањето корисни податоци од затворениците, според мене, не може да се дознае“, додал.
Комисијата за надзор на работата на разузнавачките служби на американскиот Сенат во вторникот го објави филтрираниот извештај на 525 страници од повеќе од 6.000 страници по речиси петгодишно истражување кој утврдил дека CIA ја мамела Белата куќа и јавноста за својата програма за испрашување и делувала посвирепо и попродорно отколку што признавала.
Бренан изјавил дека CIA ненамерно ги измамила претседателот Барак Обама и јавноста.
„Во ограничен број случаи припадниците на агенциите употребиле техники коишто не биле одобрени, кои биле одвратни и со право сите треба да бидат отфрлени. Не сме сториле доволно во врска со повикувањето на одговорност на некои агенти поради нивните грешки“, порачал Бренан.
CIA верува дека податоците добиени од затворениците подвргнати на ткн засилени техники на испрашување помогнале да биде откриен челникот на глобалната мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, кој беше убиен во акција на американските маринци наредена од претседателот Обама на 2-ри мај 2011 година во Пакистан.
Додека Бренан ја одржуваше прес-конференцијата, сенаторката Дајан Фајнстејн, претседателката на сенатска комисија којашто ги објави извештајот за мачењата на CIA на Twitter изнесе контрадикторни тврдења, забележува BBC. Така, во еден свој твит пишува „Берана, ’не е можно да се знае’ дали на поинаков начин би ги добиле трие податоци. Студијата покажа дека СОСЕМА е можно да се знае дали CIA ги имала тие информации и пред мачењата“.
Џон Бренан во 2002 година кога започна спроведувањето на програмата за затворање и засилено испитување беше висок функционер на CIA.
Демократскиот сенатор Марк Адол во меѓувреме го повика Бренан да отстапи од челната позиција во агенцијата и тврди дека CIA се мешала во подготвувањето на сенатскиот извештај./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.