Македонија
Кривична за ексдиректорката на СУГС „Никола Карев“ за нелегален закуп на училиштен простор
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против ексдиректорката на СУГС „Никола Карев“ во Скопје, Елизабета Марковска-Ставревска, за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Со нелегално издавање делови од училиштето директорката се сомничи дека направила штета на гимназијата од два милиона денари.
„Кривичната е поднесена поради постоење основано сомненине дека во периодот од 2012 до 2018 година директорката ја злоупотребила својата службена положба и овластувањето на начин што во 2012 година, спротивно на одредбите од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и одлуката за давање под закуп училиштен простор во средните училишта на град Скопје од 4.2.2010 година, склучила три договори за закуп на училиштен простор за кои не издала фактури за закуп, со што на правните лица им овозможила да стекнат противправна имотна корист во износ од 2.014.125,00 денари на кој начин го оштетила буџетот на СУГС ‘Никола Карев’“, соопшти Упрвата за финансиска полиција.
Управата за финансиска полиција денес извести дека поднеле повеќе кривични пријави за даночни затајувања.

Штета на буџетот на РМ во висина од 18.669.103 денари Финансиската полиција утврдила дека направиле лицата С.Ј., сопственик и управител на „Јурукоски секо“ ДООЕЛ од Скопје, М.М., сопственик и управител на „Аспилакопа“ ДООЕЛ од Скопје, Е.М., сопственик и управител на „Ескарибур голд“ ДООЕЛ од Куманово, и Г.С., сопственик и управител на „Стари – ММ“ ДООЕЛ од Куманово. Се сомничат за користење фалсификувани фактури за наводно изврешни набавки со кои избегнувале даночење.
Кривична пријава Управта поднесе и против Ф.В., управителка на „МЕГА – ФО Фросина и Оливер“ ДОО увоз-извоз Скопје за даночни затајувања во периодот од 1.1.2012 до 16.11.2018 година во износ од 3.347.726 денари, со кои е оштетен буџетот на РМ.
Против бугарскиот државјанин Л.М.Ч., управител и сопственик на Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Крепост“ ДОО, Финансиската полиција поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека во текот на 2015 година од банкарските сметки префрлил парични средства на име позајмици на друго правно лице, кои не се вратени на банкарската сметка на „Крепост“ ниту, пак, се пријавени како расходи за даночење. Даночното затајување утврдено за „Крепост“ е во износ од 1.035.500 денари.
Последната кривична пријава од Финансиската полиција е против А.А., управител на „Тунимакс“ ДООЕЛ од Скопје.
„Во периодот од 1.1.2013 година до 14.12.2018 година, А.А. свесно и со однапред утврдена намера со цел да стекне противправна имотна корист, набавената трговска стока евидентирана како резерва, во вредност од 7.737.764 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во своето сметководство како кусок, не извршил отпис на застарени побарувања од купувачи во износ од 1.574.687 денари и не ги прикажал како приходи застарените обврски кон доставувачите во износ од 3.720.255 денари, а со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвил и не поднел завршни сметки за 2013, 2014, 2015, 2016 и за 2017 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Р. Македонија. Пријавениот А.А не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.392.797 денари и данок на добивка во износ од 1.442.542 денари. Буџетот на Република Македонија го оштетил со 2.835.346 денари“, соопшти Управата за финансиска полиција.
Кривичните пријави се поднесени до надлежните јавни обвинителства.
„Макфакс“ пред два дена јави дека Финансиската полиција го стега обрачот околу даночните затајувачи, меѓу кои има и такви што данокот го криеле и по 20 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

