Македонија
Нов парк во Драчево на местото од исчистената дива депонија
Нова зелена површина од 5.500 квадратни метри во Драчево, на која ќе се подигне нов парк, уредуваат деновиве екипите на Град Скопје на местото каде што до неодамна имаше дива депонија.
„Просторот кај последната постојка на автобусот со број 41 хортикултурно го уредуваме. На оваа локација се засадија 200 висококвалитетни садници, а дополнително ќе биде поставена нова хидрантска мрежа во должина од 800 метри со 85 прскалки и 13 шахти и хидранти. Во паркот ќе се постават и нови клупи и корпи за отпадоци. Ова е уште еден парк на површина што претходно беше запоставена и затрупана со ѓубре. Сега граѓаните на Драчево и Кисела Вода ќе имаат уреден зелен простор за рекреација и дружење на отворено“, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.
Градските власти велат дека зазеленувањето останува на врвот на листата со приоритети.
„Ќе ја искористиме и пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка, која непосредно влијае на здравјето на сите сегашни и идни генерации“, нагласи Шилегов.
На прес-конференцијата присуствуваа и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хоџа: Системски го менуваме пристапот кон индустријата, построги правила и понизок праг на емисии особено во урбаните средини
На денешниот брифинг со новинарите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за клучните приоритети на Министерството, со посебен фокус на борбата против загадувањето на воздухот и унапредувањето на системот за управување со отпадот.
Хоџа истакна дека транспарентноста, институционалната одговорност и работата на терен ќе бидат водечки принципи во неговиот мандат, нагласувајќи дека еколошките предизвици ќе се адресираат преку соработка со институциите, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните.
Во насока на подобрување на квалитетот на воздухот, беше посочено дека од септември 2027 стапува на сила веќе усвоениот Закон за контрола на емисиите, кој ќе воведе построги стандарди за индустријата, јакнење на надзорните капацитети за контрола на Министерството,.
Тој информираше за конкретни активности во областа на современото управување со отпадот, вклучително и изградбата на регионални центри за управување со отпад, со цел затворање на дивите депонии и развој на рециклирањето.
Беше нагласено дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност и дека Министерството останува целосно посветено на спроведување политики кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живот и обезбедување одржлив развој, во согласност со европските стандарди.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат, вака ССМ работи по насока на СДС
Бараат зголемување од 6.000 денари, добиваат 10.000 за две години и одбиваат – вака ССМ работи по насока на СДС, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, протестите на ССМ, поддржани од СДС и Левица, покажаа=ле дека не се поддржани од работниците, кои, како што рече, веќе се свесни дека некој од врвот на ССМ јасно ги искористува.
„Синдикалците на батерии како Слободан Трендафилов, Иван Пешевски и Трпе Деаноски, кои земаат по над 80.000 денари плата од работниците и дополнителни додатоци во висина над милион денари во само една година, добиени од џебот на работниците, не го прифаќаат новиот колективен договор со кој минималната плата на административните службеници ќе се искачи до 600 евра за само две години од денес“.
Манасиевски потсетува дека предлогот од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на платите за 40% или над 10.000 денари до 2028 година, не е прифатлив од ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски, само затоа што не сакаат да го потпишат новиот колективен договор предложен од Владата, со којшто работниците ќе добиваат зголемување на платите според Законот за минимална плата и додатно 8% на добиената сума со што би се дошло до зголемување од 40% до 2028 година.
„ССМ бара 600 евра минимална плата, добива, и истата ја одбива. Бара 100 евра повисока плата, добива и повеќе и истата ја одбива. Само затоа што се политички заробеници на оние што ги поставиле да бидат таму а тоа е СДС.
Ги повикуваме ССМ, Трендафилов, Пешевски и Деаноски да ги оттргнат канџите во кои се заробени од СДС и Левица и да го прифатат предлогот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 600 евра минимална плата за административните службеници во 2028 година“.
Македонија
(Видео) Кузеска: Поминаа 50 дена од првите бомби на Антикорупцискиот тим, но нема никаква реакција
Поминаа 50 дена од објавата на првите скандали, првите бомби од страна на Антикорупцискиот тим на СДСМ. Нема ниту едена реакција од ниту една институција, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Не допира гласот до Обвинителството за милионските скандали и криминални тендери на власта, нема реакција од ДКСК, нема реакција од Финансиска полиција. Молк. Во изминатите 50 дена, Антикорупцискиот тим објави серија сериозни скандали, поткрепени со факти и докази за тоа како се делат тендери во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ.
Според неа, затоа власта презема контрола врз сдуството и обвинителството во обид да се спаси од одговорност за криминалните тендери.

