Спорт
Сари: Време е Азар да ја донесе одлуката
Еден Азар, во средата, се запиша во историјата на Челси. Белгиецот против Вотфорд постигна два гола, со кои стигна до бројката од 101 гол во синиот дрес. Азар е еден од десетмината играчи на Челси што ја минал границата од 100 гола.
По тој натпревар, А…

Еден Азар, во средата, се запиша во историјата на Челси. Белгиецот против Вотфорд постигна два гола, со кои стигна до бројката од 101 гол во синиот дрес. Азар е еден од десетмината играчи на Челси што ја минал границата од 100 гола.
По тој натпревар, Азар изјавил дека сака да стане клупска легенда кави што се Џон Тери, Френк Лампард и Дидие Дрогба.
Азар подолго време се поврзува со трансфер во Реал, а самиот тој не крие дека има голема желба да игра за овој клуб. Договорот на Белгиецот со Челси истекува во јуни 2020 година, а преговорите околу неговото продолжување стојат на „мртва точка“.
Поради тоа менаџерот на „сините“ Маурицио Сари сака што поскоро да се реши ситуацијата со Азар.
„Не знам дали Азар ќе остане, но време е да се изјасни. Јас немам моќ да го задржам. јас сум тренер, не сум претседател. Не сум задолжен за тие работи. Со него сакам да разговарам само за она што го играме на теренот“, рекол Сари.
Азар сезонава има учинок од девет гола и две асистенции на десет одиграни натпревари во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Српски тренер ќе води тим на Ол стар натпреварот
Дарко Рајаковиќ дека ќе предводи еден од трите тима на Ол-стар викендот, pотврди неговиот тим Торонто Репторс.
Комесарот на НБА, Адам Силвер, го именуваше Дарко Рајовиќ за тренер на тимот кој e составен од неамерикански играчи за време на Ол-стар викендот.
Ова е голема чест за тренерот од Чачак, бидејќи странците никогаш не биле тренери на Ол-стар натпреварот.
Покрај Рајаковиќ, тренери на преостанатите два тима ќе бидат Џеј-Би. Бикерстаф од Детроит и Мич Џонсон од Сан Антонио.
Торонто Репторс на Рајаковиќ играат далеку над очекувањата оваа сезона. Тие моментално се четврти на Западот со резултат од 30-21.
Во својот Ол-стар тим Рајаковиќ ќе ги има Јанис Адетокунбо, Паскал Сијакам, Лука Дончиќ, Шеј Гилџис-Александер, Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Дени Авдија и Џамал Мареј.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓоковиќ го напушти Мелбурн со пет историски подвизи
Новак Ѓоковиќ не го сруши најважниот рекорд во Мелбурн, 25-тиот триумф на Гренд слем турнирите, но сепак сруши пет други.
Веб-страницата на АТП, објави што постигна најдобриот тенисер на сите времиња на неодамнешното Отворенено првенство на Австралија.
1. Тој сега има најмногу победи на овој турнир. До оваа година, Роџер Федерер беше рекордер со 102, Ноле го надмина, сега има 104 победи.
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер бидејќи Серена Вилијамс во женска конкуренција има 92.
Српскиот ас е рекордер по број на титули веќе три години со дури десет. Кај жените, Маргарет Корт има најмногу трофеи, 11, со фактот дека најмногу (седум) освои во аматерската ера, кога професионалците не можеа да играат на Гренд слем турнирите.
2. Ѓоковиќ е првиот во историјата што надмина 400 победи на Гренд слем турнирите. Во кариерата има 402 победи. Тој беше рекордер до сега, но сега ја сруши оваа бариера. На второто место е Федерер со 369.
3. Новак е најстариот финалист на Австралија Опен во Опен ерата, од 1969 година. На другите три Гренд Слем турнири, Опен ерата започна во 1968 година, а во Мелбурн една година подоцна. Претходниот рекордер беше Кен Роузвол, кој имаше 37 години во 1972 година. Австралијанецот ја освои титулата таа сезона и е рекордер, односно тој е највозрасниот Гренд слем победник.
Интересно е што Ѓоковиќ е најстариот шампион на еден од овие турнири надвор од Австралија. Последен пат освои голема титула на Ју-ес опен во 2023 година, кога имаше 36 години и три месеци и е третиот најстар играч на листата.
Рекордер е Роузвол со 37 години и речиси два месеци. На втората позиција е Федерер, кој имаше 36 години и пет месеци во 2018 година кога победи на Австралија опен.
Значи, двајцата најстари шампиони на Гренд Слем во Опен ерата славеа во Австралија. Од друга страна, Ѓоковиќ е најстариот шампион на Опен ерата и во Њујорк и во Париз, додека Федерер е во Лондон.
4. Ѓоковиќ го сруши својот рекорд од 37 финалиња на Гренд слем турнири во Мелбурн. Сега има 38. Крис Еверт е втора на таа листа со 34.
5. Ова е седмо големо финале за Ѓоковиќ откако наполни 35 години. Роузвол сега има шест.
Foto/ depositphotos
Спорт
Џејмс Харден во Кливленд Кавалирс
Кливленд Кавалирс постигнаа договор со Лос Анџелес Клиперс во врска со Џејмс Харден, а плејмејкерот прифати да биде „трејдуван“ во Охајо.
Кливленд, според договорот го доби Џејмс Харден и избор од втората рунда, а ЛА Клиперс се засилија со Дариус Гарланд и избор од втората рунда отидоа на драфтот.
Исто така, Дариус и Винстон Гарланд стануваат уште еден тандем татко-син кој играл за Лос Анџелес Клиперс во еден момент од своите кариери.
Американските медиуми пишуваат, дека Кливленд до крајот на преодниот рок (5.февруари) подготвува вистинска „бомба“, која се вика Јанис Адетокумбо.
Според овие извори, Кавалирс го понудиле Еван Мобли и голем број пикови на наредните драфтови.

