Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ планира и во 2019 со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста

Партијата предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев не само што им ја зацрни 2018 година на граѓаните, туку очигледно има намера со своите лаги и штетни политики да ја труе јавноста и во 2019 –та година, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Навистина жално. Со манипулации се обидуваат да ја покријат својата неспособност. Иако им истече и втората години од мандатот, тие се уште немаат абер да ги исполнат ветувањата за 500 евра просечна плата, 600 километри нови автопати, 100 илјади денари плати за докторите, повраток на 15 % од ДДВ, 13-та плата во секое семејство, достоинствен откуп за земјоделците, повисок стандард, повисоки пензии, студентски град и уште десетици други шарени лаги. Што кажаа, се излажаа. Што фатија се исушија.
Затоа пак направија нешто што не го спомнаа во програмата, како пораст на криминалот, сеприсутна корупција, криминални тендери, осиромашување, повисоки даноци и давачки за граѓаните, поскапи горива, менување на Устав, менување на уставното име, рушење на идентитетот, продажба на националните и државните интереси, богатење на партиските и владините функционери со народни пари, партизирање на судство и редица на црнила во секој сегмент од општеството.
Граѓаните сакаат што побрзо да ја заборават оваа промашена и црна 2018-та година. Следната 2019 година може да биде среќна само ако овој криминален картел на власт предводен од Заев падне. Само така сите граѓани, вклучително и членовите на СДСМ ќе почувствуваат среќа и благосостојба“ стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел, Оливера Ливриниќ, најави конкретни мерки и инвестиции со кои населбата Скопје Север ќе стане современо, уредено и безбедно место за живеење.
„Сакам Скопје Север да биде место каде што сите ќе сакаме да живееме. Ќе изградиме пешачка и велосипедска патека за безбеден и активен транспорт, како и Центар за спорт и рекреација – простор за здрав живот и забава за сите генерации“, изјави Ливриниќ.
„Во нејзината програма се предвидува и:
Поддршка за енергетски ефикасни фасади и замена на покриви на колективните згради – за убав изглед и помала потрошувачка на енергија.
Катни гаражи кај Средното економско училиште и зад мини трговскиот центар – за повеќе простор и помал метеж.
Фотоволтаично осветлување на влезовите во зградите – чиста енергија и безбедност за граѓаните.
Маркирани паркинг-простори – ред и удобност за сите.
Реконструкција на пристапните патеки – за безбедно движење на пешаците и возилата“.
„Скопје Север заслужува нова енергија и вистинска грижа. Ќе вложиме во проекти што го прават животот полесен, поудобен и посигурен“, додаде Ливриниќ.
Соопштенија
Филипче: Пораката на Венецијанската комисија е јасна, реформи за независно судство

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ што се одржа вечерва во Маврово и Ростуше, нагласи дека денешната порака на Венецијанската комисија е јасна- потребни се итни реформи за независно судство.
„Денеска стигна известувањето од Венецијанската комисија и јасно укажуваат дека се потребни реформи во правосудниот систем. Како никогаш до сега, пред неколку месеци, се обидов да ја променам политичката култура и бев на состанок кај премиерот. Една од работите за коишто разговарав беше заеднички да работиме на реформистката агенда, да ги донесеме сите реформски закони во правосудството, за да се придвижи тој сегмент напред, да се придвижиме кон Европа така како што сите очекуваат од нас, така како што нашите граѓани сакаат тука да видат“, рече Филипче.
Во обраќањето пред присустните тој посочи дека и покрај сите обиди на СДСМ за реформи во судството, власта не прифатила ниту една забелешка.
„И покрај тоа што формиравме наш експертски тим, нашите забелешки за реформските закони, никој не ги зема предвид. Одговор од Министерството за правда, до сега немаме. Ниту еден од 12 закони кои се дел од реформската агенда, не само што не се донесени во Собрание, тие до ден денес не се ни поднесени“, рече Филипче.
Затоа, како што кажа Филипче овој изборен циклус е важен и историски, циклус од кој зависи иднината на државата и на граѓаните.
„Овој изборен циклус ќе биде сериозен знак за оваа власт, ќе испратиме силна порака дека се некадарни, дека се незаинтересирани, дека немаат капацитет. И затоа, мораме масовно да излеземе на гласање во недела. Секој еден од нас, од нашите семејства, нашите пријатели, да го заокружиме бројот пет, тука во Маврово Ростуше, во целата држава. Не може една мала група на луѓе да ја држи во заложништво оваа држава, не може да се поигруваат со судбината на сите граѓани. Ова е прогресивна држава, прогресивен народ кој сака реформи, кој сака можности, кој сака напред во Европа“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Соопштенија
Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг повика на масовност на изборите на 19 октомври и укажа дека вистинскиот избор за Делчево е Иван Гоцевски.
Мицкоски се осврна и на состојбата во СДСМ и однесувањето на претседателот на партијата, Венко Филипче.
„Сакам да обрнам внимание на еден парадокс кој се случува, гледајќи ја кампањата на нашите конкуренти. Го слушам Венко како на државава ѝ се случувало цунами, од лошо – полошо. Бил загрозен домот, семејството, луѓе почнале да се иселуваат, имало нечесни игри, ама судиите биле професионалци. Инфлацијата галопирала и не знам што уште не. Каде беа тие пред година и половина, тие заедно со ДУИ беа власт седум години. Ние не почнавме од прозорците, фасадата, кровот на нашиот дом. Почнавме од темелите. Сменија име, устав, донесоа двоцифрена инфлација, профитираа од тендери, дури и од вакцини правеа профит. Ветуваа дека ќе ги донесат Фејсбук и Гугл, а единствената инвестиција беше таа во фабриките за марихуана“, рече Мицкоски.
Се прашувам, додаде Мицкоски, „дали човеков е свесен дека ако се слушнат говорите и настапите на Венко кога тие беа власт и сега кога се опозиција, тоа се два комплетно различни света“.
„Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени, или сега е Венко против Венко. Проблем е што мислат дека со ваквите настапи ќе ја продолжат истата песна и мислат дека народот има кратко помнење, но не е така“, посочи Мицкоски.