Црна хроника
Сопственик на хотел во Виница нападнал даночник
Двајца даночни контролори од Регионалната дирекција Скопје биле спречени во вршењето на службените должности, а едниот бил и физички нападнат од Петре Анѓелов, сопственик на хотелот „Шагал“, лоциран во близина на Виница, соопшти УЈП.
Во текот на контролата, даночниците откриле дека сопственикот води интерни евиденции за остварениот промет. Додека траел увидот во документацијата, двајцата даночни контролори биле вербално навредувани, а во моментот кога ја откриле неправилноста во работењето, сопственикот на хотелот физички го нападнал даночниот контролор кој вршел увид во интерната документација и брутално му ја одзел, со што оневозможил увид во истата од страна на службените лица од УЈП.
По инцидентот, случајот е пријавен во полициската станица Виница, а сопственикот на објектот е приведен. За сопственикот на хотелот, од страна на Управата за јавни приходи е поднесена кривична пријава, изречени се глоби за попречување на контрола во висина од 4.000 евра, за неиздавање на фискални сметки 3.250 евра, како и забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена.
Според податоците од терен, во контролите кои беа спроведени во Кочани и Виница утврдени се неправилности во работењето кај 10 објекти за кои истотака се изречени глоби во висина од 3 250 евра, како и забрани за вршење на дејност. Контролите се во тек и ќе продолжат во наредниот период, најавуваат од УЈП. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал сограѓанин и му се заканувал со пиштол пред кафеана, приведен жител на Грчец
Триесет и деветгодишниот З.Ф. од селото Грчец, скопско, бил приведен во текот на денешниот ден поради напад пред угостителски објект на подрачјето на општина Сарај.
Претходно, на 7 февруари, тој со тврд предмет физички го нападнал 47-годишниот Р.З., исто така од Грчец, а потоа му се заканувал и со пиштол, јави МВР.
По целосно документирање на случајот, против З.Ф. ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Запалени „порше“ и „форд ренџер“ во Батинци, известен е обвинител
Во раните утрински часови во селото Батинци, општина Студеничани, избувнал пожар во кој биле опожарени две возила – патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 47-годишниот Џ.И. од Батинци, и товарно возило „форд ренџер“, сопственост на правен субјект.
Случајот бил пријавен во 02:15 часот во СВР Скопје. Пожарот го изгаснала екипа од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Во инцидентот нема повредени лица.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Фото: илустрација (depositphotos)
Црна хроника
Автомобил излета од патот кај Маврово: скопјанка тешко повредена, сопатникот се здобил со полесни повреди
Седумдесет и тригодишна скопјанка е тешко повредена, а возачот со кој патувала се здобил со телесни повреди, откако нивното возило излетало од коловозот на патот Маврови Анови – Дебар, кај гостиварското село Скудриње.
Несреќата се случила на 7 февруари 2026 година, околу 9 часот наутро, кога патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски таблички, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од патот. Повредените се префрлени во Ургентниот центар во Охрид, каде кај сопатничката биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен бил увид.

