Регион
Ѕанакопулос: Договорот за името ќе се ратификува со над 151 глас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/tzanakopoulos-spox.jpg)
Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, уште еднаш изрази уверување дека администрацијата предводена од СИРИЗА ќе обезбеди 151 глас, колку што е потребно за да се ратификува договорот за името од Преспа потпишан помеѓу Атина и Скопје.
Зборувајќи за радиото 24/7, Ѕанакопулос ги демантираше шпекулациите и сценаријата дека протоколот за членство на Македонија во НАТО би се ратификувал по изборите во Грција, коментирајќи дека тие информации немаат никаква врска со реалноста.
Во однос на најавите дека Нова демократија ќе поднесе предлог за гласање недоверба на Владата, Ѕанакопулос изјави дека таквата иницијатива е добредојдена, прекесуваат грчките медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
(Видео) 11 загинати во пожари во Турција, и Грција се бори со огнот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/pozar-grcija.jpg)
Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар со ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села на југоистокот на Турција, одземајќи животи на стотици животни, а со пожарите денеска се бори и Грција. Турскиот министер за здравство Фахретин Коча објави „единаесет смртни случаи и 78 повредени лица“, од кои пет морале да бидат примени на интензивна нега.
Коча претходно рече дека има „44 повредени, од кои десет лица во тешка состојба“, во оваа рурална област лоцирана меѓу градовите Дијарбекир и Мардин, во близина на сириската граница. На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од десетици кози, овци и магариња кои лежат во изгорената трева во претежно земјоделскиот и сточарскиот регион.
Според министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, пожарот избувнал доцна во четвртокот поради палење на стрништа во област лоцирана на околу триесетина километри јужно од градот Дијарбакир, каде што термометарот преку ден се искачува над 40 степени. Пламените јазици се проширија со ветрот и брзо зафатија пет села.
Пожарот е ставен под контрола во текот на ноќта, но службите и денеска се на терен поради страв од повторно разгорување на пожарот, вели министерот.
И Грција во петокот се бори со неколку шумски пожари во јужниот дел на нејзиното копно, поттикнати од бурните ветрови. Десетици пожарникари со помош на осум авиони беа распоредени во регионите Ахаја и Илија и во близина на градот Краниди на полуостровот Пелопонез. На жителите на неколку села во овие области им било кажано да ги напуштат своите домови.
Шумските пожари се вообичаени во оваа медитеранска земја, но стануваат поразорни бидејќи летата стануваат потопли и суви, што научниците го поврзуваат со климатските промени.
„Брзината на ветерот често надминува 95 километри на час, што го спречува леталото да се приближи“, рече портпаролот на грчката противпожарна бригада Василис Ватракоганис на брифинг со новинарите.
„Сите сили за цивилна заштита денеска се во подготвеност“, додаде тој, бидејќи за неколку часа во земјата избувнаа околу 45 шумски пожари. Уште еден шумски пожар што накратко им се закануваше на домовите во крајбрежен град во близина на Атина беше ставен под контрола рано денеска, соопштија пожарникарите.
Регион
Црногорците и Албанците ја објавија причината за историскиот прекин на струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-21-184054.jpg)
Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите мораа да ги затворат вратите, семафорите не работеа, а луѓето останаа без клима среде топлотен бран.
Како што јави Ројтерс, црногорскиот министер за енергетика изјавил дека прекинот е предизвикан од наглото зголемување на потрошувачката на струја поради високите температури, но и од самата топлина. Системите за дистрибуција на електрична енергија се поврзани во земјите ширум Балканот, потсетува Ројтерс.
„Дефектот настана како резултат на големо оптоварување на мрежата, нагло зголемување на потрошувачката на електрична енергија поради високата температура и самите високи температури“, изјави црногорскиот министер за енергетика Саша Мујовиќ во телевизиски пренос.
Напојување, а на некои места и интернет, снема околу 12:30 часот, според Ројтерс, додавајќи дека операторите на електроенергетските системи на балканските држави рекле дека почнале да го обновуваат снабдувањето до средината на попладневните часови.
Сообраќајот е запрен во Сараево, Бања Лука и Мостар, јавија новинарите на Ројтерс, додека температурите во делови од регионот достигнаа 40 степени Целзиусови.
Многу луѓе останаа без вода во Подгорица бидејќи пумпите престанаа да работат, известија мештаните. Клима уредите беа исклучени, а сладоледот се топеше во продавниците.
Сообраќаен колапс е забележан и во Сплит, каде одекнале сирени за брза помош. Експертите се уште се обидуваат да утврдат од каде започнал дефектот.
Што велат Албанците? „Големи количини на енергија во системот и многу високи температури“
Албанската министерка за енергетика Белинда Балуку изјави дека има дефект на интерконекторот меѓу Албанија и Грција и дека слушнала за слични околности во Црна Гора и делови од Хрватска и Босна и Херцеговина.
За целосна истрага ќе биде потребно време, но раните анализи сугерираат дека „големите количини на енергија во системот за пренос и многу високите температури го создадоа овој технички проблем“, додаде Балуку во видео-обраќање.
Напојувањето беше вратено во Албанија во рок од половина час, но земјата и понатаму е изложена на висок ризик од дополнителни прекини, бидејќи потрошувачката на струја и нивото на топлина остануваат високи, рече таа.
Регион
Земјотрес го погоди Крит
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/krit.jpg)
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот грчки остров Крит.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил на 25 километри југозападно од Палеохора во префектурата Ханија.
Земјотресот се случил на длабочина од 9,4 километри, пренесува Катимерини.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.