Контакт

Вести

Поротата во Канзас осуди на смрт расистички убиец

Објавено пред

Поротата во американската сојузна држава Канзас заклучи во вторникот дека расистичкиот убиец кој усмртил три лица пред два еврејски центра минатата година би требало да биде егзекутиран.

dobivaj vesti na viber

Поранешниот високо рангиран член на Ку Клукс Клан, сега 74-годишниот Фрејзер Глен Милер џуниор во август беше прогласен за виновен за убиствата од април 2014 година на 14-годишниот Рит Андервуд и неговиот 69-годишен дедо Вилијам Корпорон пред еврејскиот центар, како и на 53-годишниот Тери ЛаМано пред еврејскиот дом за пензионери во Оверленд Парк.

Милер на судењето изјави дека ги убил оти мислел дека се Евреи, но ниту една од неговите жртви не била Евреин. Тој поротата ја поздравил со нацистичкиот поздрав и прогласил „смрт на Евреите“ на крајот од својот завршен збор, пред поротата да се повлече за одлучување за висината на казната.

Во текот на двонеделното судење, Крос ги призна убиствата и изјави дека сакал да убие што е можно повеќе Евреи, пред крајот на животот.Милер „Доброволно се жртвував за слободата на својот народ. Гледате ли кај мене страв? Гледате горд белец“, додал. Крос пред да биде изведен од судницата за време на читањето на пресудата.

Стив Хау, обвинителот на округот Џонсон, во завршниот збор побара од поротата да препорача смртна казна, тој призна дека една од жртвите, ЛаМано имал кај себе оружје, но тоа не било употребено и не било причина за нападот и оти тој „молел за својот живот“ пред убиецот.

Милер е ветеран од Виетнамската војна и е познат како основач на Витезите од Каролина на Кју Клукс Клан во неговвата родна Северна Каролина, а подоцна и на Белата патриотска партија. Со кандидирал и за Претставничкиот дом на САД во 2006 година и за Сенатот во сојузната држава Мисури, секогаш истапувајќи со платформата за надмоќноста на белата раса.

Меѓу сведоците на судењето се појавил и 39-годишниот синот на обвинетиот Милер, кој изјавил дека не знае каде татко му научил „да ги мрзи Евреите и другите раси“.

Сепак, останува нејасно дали смртната пресуда над Милер ќе биде извршена, имајќи предвид дека имал незилечиво заболување и му преостанувал најмногу пет до шест години од животот. Сојузната држава Канзас, притоа, нема извршено смртно казна со децении. /крај/мф/сн

Извор: Associated Press

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Алиу потврди дека Кардиохирургија не прави операции оти нема анестезиолози и најави ад хок решение: лекари од Словенија ќе ги пополнуваат празнините

Со билатерален договор за мобилност на лекари и медицински сестри меѓу Словенија и Македонија ќе се пополнуваат празнините во нашиот...

Топ3 часа

10-годишно момче нападнато во училиштен ходник од врсници, го навредувале и му се заканувале, а снимале и со телефон

Врсничко насилство е регистрирано во полицискиот билтен, што се случило вчера во Основно училиште во скопската населба Карпош. Според информацијата,...

Топ4 часа

Тројца пешаци удрени со автомобили за еден ден во Скопје, едниот возач побегнал

Во текот на еден ден, тројца пешаци беа удрени од автомобили на различни локации во градот. Првиот инцидент се случи...

Македонија5 часа

Пријавени осум случаи на непотребни операции на срце, ќе ги оценуваат и експерти од Словенија, Италија и Австрија

Јавна здравствена установа пријавила осум случи за извршени непотребни кардиохируршки интервенции во интерната комисија што ја формира Министерството за здравство...

Свет6 часа

Бројот на жртви во несреќата во Лисабон се зголеми на 17, повредени 21 лице

Бројот на повредени во несреќата во Лисабон, кога жичницата „Глорија“ излета од шините, се искачи на 17, а 21 лице...

Македонија8 часа

Златен медал за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика во Бугарија

На 9-тата по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2025), која од 29-ти август до 4-ти септември се одржува...

Македонија8 часа

Кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство: не се појавувале на работа, а примале плата

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од село Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од...

Свет10 часа

Нетанјаху ја одби посетата на Макрон на Израел по објавата дека ќе ја признаат Палестина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли барањето на францускиот претседател Емануел Макрон да го посети Израел пред очекуваното признавање на...

Свет10 часа

Ким по средбата со Путин: Целосно ја поддржуваме Русија, тоа е наша братска должност

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја ќе продолжи „целосно да ја поддржува“ Русија и нејзината војска како...

Европа11 часа

Захарова: Странска војска во Украина е неприфатлива, нема да разговараме за тоа

Русија не планира да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за...

Европа11 часа

(Видео) Португалија во шок по несреќата со жичницата, 15 мртви: „Се движеше со полна брзина“

Португалија е во шок бидејќи 15 лица загинаа кога жичницата „Глорија“, стара 140 години, една од главните туристички атракции во...

Македонија11 часа

(Видео) Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Вчера вечер ИК на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутираше за состојбата во државата и растот на економијата...

Свет23 часа

Путин: Ако Зеленски е подготвен за состанок нека дојде во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и предложи...

Свет1 ден

Калас: Во Пекинг се собра автократски сојуз кој го доведува во прашање меѓународниот поредок

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, денес изјави дека претседателите на Кина, Шји Џјингпинг, Русија, Владимир...

Македонија1 ден

Сиљановска наместо да ги брани државните интереси, повторно е мегафон на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уште еднаш покажа дека не е претседател на сите граѓани, туку гласноговорник на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините дневнополитички...

Топ1 ден

Прилепчанец фатен со 35 килограми марихуана: пред 20 дена излегол од затвор за трговија со трога

На регионалниот пат Битола- Прилеп денеска полициски службеници, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога,...

Македонија1 ден

Претседателката со остри критики: По толку бели линии апсурдно е да се зборува за црвени линии, ние и референдумски резултат не почитувавме

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека не го разбира предлогот на СДСМ за изготвување резолуција со црвени линии. Таа...

Свет1 ден

Мерц: Путин е најголемиот воен злосторник на денешницата

Кремљ денеска соопшти дека ставовите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за мировните преговори за Украина треба да се игнорираат откога...

Македонија1 ден

(Видео) Петрушевски: Коцевски е главната карика во синџирот на СДС за прислушувањето на Мицкоски, на новинари и на бизнисмени

СДС го прислушкувале претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени за да се одржат на власт, ги користeле службите за партиски цели,...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Итна декласификација за случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација поврзана со случајот што власта се обиде да го претстави како наводна афера...