Свет
Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Сичуан во Кина

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди Сичуан во Кина, а потресот беше регистриран во 08:48 часот по локално време (00:48 GMT) во округот Гонг, кој се наоѓа во префектурата Ибин, прнесува „Спутник“.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на длабочина од 15 километри, соопшти кинеското сеизмичко биро. Засега нема извештаи за жртви или штети предизвикани од земјотресот.
Кина се наоѓа во сеизмички активна зона и редовно е погодена од силни земјотреси. Провинцијата Сичуан беше погодена од земјотрес со јачина од 8 степени на 12 март 2008 година, кога загинаа околу 70.000 луѓе.
Последниот смртоносен земјотрес во Сичуан се случи во август и во него загинаа 25 лица, а над 500 беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната мрежа „Икс“ ги објави резултатите од неговиот тест за дрога.
„ЛОЛ“, напиша Маск, споделувајќи фотографија од резултатите од тестот на која се гледа дека тој не бил позитивен на ниту еден од тестираните лекови.
„Њујорк Тајмс“ неодамна објави дека Маск за време на минатогодишната изборна кампања земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки.
Маск, извршниот директор на „Икс“, „Тесла“ и „Спејс Икс“, претходно јавно изјави дека користи мали дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно. „Њујорк тајмс“ ја базираше својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе кои го познаваат Маск или работеле со него.
„Волстрит журнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дрога, вклучително и „Амбиен“ за лекување на проблеми со спиењето.
Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.