Македонија
(Видео) Заев ќе обезбеди мнозинство за уставните измени со Беса на Касами
Премиерот Зоран Заев е сигурен дека ќе обезбеди двотретинско мнозинство кое е потребно за да се донесат уставните измени. Тој најави дека ќе се сретне со Биљаљ Касами од Беса, како и со претставници на Алијансата за Албанците.
На новинарско прашање дали се сретнал со Касами за да разговара за поддршката за уставните измени, тој не даде конкретен одговор и рече дека очекува со сигурност дека 80 пратеници ќе гласаат за уставните измени на седницата закажана за 12 јануари.
„Ќе следи дебата по амандманите, што ќе трае три дена. Ќе сторам сè што е во моја можност да го истуркаме овој процес. Оптимист сум дека ќе имаме 2/3 мнозинство. Ќе се сретнам утре со Касами и ќе разговараме за важни прашања. Беса и Алијансата за Албанците се располжени да ги поддржат интеграциските процеси“, рече Заев.
На новинарско прашање кога ќе влезе Македонија во НАТО, Заев рече дека очекува тоа да се случи во февруари.
Негов став е да нема предвремени парламентарни избори и најави дека ќе разговара со коалиционите парнери, ама и тие не верува дека се за избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.