Македонија
Заев по стапките на Груевски: Задоцни 30 минути, даваше отчет еден час, без конкретни одговори на прашања
„Премиере доцните како економскиот раст“… вака реагираше еден од новинарите откако премиерот Зоран Заев и министерот Драган Тевдоски се појавија на закажаната прес-конференција со задоцнување од половина час.
Премиерот на забелешката премолче, не коментираше, не образложи зошто доцнат, ниту се извини на медиумите.
По примерот на неговиот претходник Никола Груевски од ВМРО ДПМНЕ, и Заев држеше прес-конференција која траеше повеќе од еден час. Излагаше за сработеното по ресори. Даваше отчет за инвестиции, за економски напредок, здравство, социјала, правда, земјоделие. Го повтори она што го зборува цела година, со една новина дека со собраните пари од прогресивецот ќе има зголемување на социјалната помош.
„Социјалната помош ќе се зголеми за 300%, ќе изнесува 11 700 денари“, рече тој.
Слично како и доскорешниот премиер Груевски, кој 11 години се држеше до оваа пракса, избегнуваше конкретни одговори на новинарски прашања. Ниту Тевдовски ниту Заев не одговорија конкретно како ќе ги задржат фирмите од ИТ-секторот во Македонија и медицинските работници, кои најавија заминување токму поради воведувањето на прогресивниот данок.
Рекоа дека само 1%, односно 9000 граѓани требало да платат повисоки давачи, а во ИТ-компаниите просечна плата била 50 000 денари, така што според нив данокот не бил дестимулативен.
И за амнестираните, новинарите не добија дециден одговор дали со законот се руши принципот на правна држава. Тој само го повтори ставот што го повторува веќе два месеца во медиумите, дека било човечки да се прости ако сакаме да одиме напред.

„Кога се помиривме со комшиите, зошто да не се помириме и дома. И ЕУ нè поддржа во тоа. Да заборавиме и да одиме напред“, рече Заев.
Иако до пред некое време менувањето на кривичниот законик не беше прифатливо за СДСМ, сега тука има промена на став. Но, Заев вети дека нема да имало мешање на извршна со судска власт.
„Ве уверувам дека внимателно ќе ги носиме одлуките и нема да има мешање во ингеренциите на судството. Нема да има никакво влијание или мешање во работата на СЈО.
За волја на вистината, прецизен беше со очекувањата на НАТО. Вети дека Македонија на почетокот на февруари можела да добие стол во алијансата и да почнат процесите за прием, а за тоа добил охрабрување и од Столтенберг.
„Само ќе го исправам генералниот секретар, не во февруари, јас би кажал зошто да не уште во јануари. Ако во Грција се ратификува договорот навреме и кај нас поминат уставните измени, можеме веднаш да го почнеме процесот“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

