Регион
Партијата „Независни Грци“ се закани дека ќе излезе од Владата доколку се изгласа преспанскиот договор
Заменик-министерката за одбрана на Грција, Марија Коља-Царуха, изјави дека претставниците на нејзината партија „Независни Грци“ ќе ја напуштат владата доколку грчкиот Парламент го усвои договорот од Преспа, пренесува агенцијата „Танјуг“.
Таа во интервју за радиото „Фокус ФМ“ рекла дека министрите од таа партија може ја напуштат владата поради потегот на грчкиот премиер во врска со овој договор.
„Сé зависи од премиерот Ципрас. Сакам да верувам дека ќе одлучи одново да го преиспита ова прашање, кое има големо политичко и национално значење“, рекла заменик-министерката.
Таа додала дека другата страна не се придржува до она што е договорено, истакнувајќи дека станува збор за прелиминарен договор меѓу двајца министри, но не и спогодба бидејќи, како што објаснила, документот сè уште не е ратификуван од парламентите на двете земји.
„Не сакав да се заклучи овој договор. Ние се најдовме во влада со еден министер, г. Коѕијас, за кого верувавме дека ќе се ангажира за некои работи, но подоцна се појавиja различни елементи во договорот со кои не се согласуваме, генерално со терминот Македонија“, рекла во изјавата Коља-Царуха.
Коментирајќи во врска со нејзиниот партиски колега и пратеник Танасис Папахристопулос, кој јавно изјави дека ќе го поддржи договорот со Македонија и ќе даде оставка од пратеничкото место, Коља-Царуха објасни дека биле вложени големи напори тој да го промени своето мислење, но дека Папахристопулос останал на својот став.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор.
Регион
Инцидент во училиште во Загреб: наместо да го штити влезот, обезбедувањето се опијанило
Вчера, во основно училиште во Хрватска се случил непријатен инцидент – обезбедувањето, кое им било доделено на располагање, се опило, па лицата морале да бидат однесени од полиција. Ова за „Индекс“ го потврдиле и од самото училиште откога од родителите се дознало дека директорот ги известил за непријатноста.
„Еден од службените чувари назначен во училиштето од Градската управа и еден неофицијален гостин во безбедносна опрема, и двајцата очигледно во алкохолизирана состојба, биле пријавени од училиштето во полициска станица и биле приведени.
„Се јавив во сите надлежни служби, Министерството, социјалната служба, Народниот правобранител, Градската управа, надлежниот лекар, а известени се и децата, дежурните наставници, фирмата за обезбедување“, им напиша директорот Ивица Модриќ на родителите, пренесува медиумот.
Во училиштето, според написите, бил и другиот колега на обезбедувачот што работел во училиштето. Тој дошол на училиште веќе во пијана состојба, а потоа двајцата продолжиле да се дружат. Настанот бил реконструиран врз основа на снимки од видеонадзорот. Едниот бил толку пијан што дури и се потпрел на дете, но потоа било констатирано дека нема елементи на кривично дело на штета на детето, туку дека човекот бил многу пијан.
„Извршени се прегледи на камерите на училиштето и беше видливо сѐ што е важно, затоа врз основа на сѐ што е релевантно, што презеде полицијата, и врз основа на извршениот разговор, ќе се преземат понатамошни дејства.
Она што го барам од сите родители е да ги смират децата бидејќи тие, особено учениците, му се потсмеваа на непознатиот, кој се тетерави и додека паѓаше и се држеше за ѕидовите да остане на нозе, дојде во контакт со децата. Истиот тој човек паднал пред училиштето поради состојбата во која се наоѓал“, пишува директорот.
„За среќа, нема поголеми инциденти и нема поголеми последици, но некој ќе треба да одговара за немилиот настан, а апсолутно сите информации ќе ги добиете кога ќе бидат комплетирани и објавени“, објаснува директорот во пораката, пишува медиумот.
„За денешниот настан се шират лажни информации, затоа имајте предвид дека лично ми е непријатно и жалам што лицето задолжено за контрола на влезот во нашето училиште само направи грешка што можеше да има посериозни последици“, додал надлежниот од училиштето.
Регион
(Видео) Две лица избодени во центарот на Софија, уапсена 22-годишна жена
Во утринскиот напад во центарот на главниот град на Бугарија две лица се избодени и пренесени во болници, соопштија од Итната медицинска помош.
Нема трета жртва која побарала болничко лекување, појаснуваат од таму, откако првичните информации говорат дека е повредено уште едно лице, објави БНР.
За нападот е уапсена 22-годишна жена. Според првичните информации, таа имала психичка болест.
Двајцата со расеченици се пренесени во Воената болница и во „Пирогов“ во Софија.
Првиот сигнал на 112 бил примен во 8.25 часот, на што веднаш реагирала лекарска екипа.
Избодениот маж има 21 година и е со расеченица на грбот. Повредениот е пренесен во ВМА. Мажот е комуникативен и се вршат потребните прегледи, соопштија од медицинската установа, пренесе БНР.
Во 8.34 часот е примен втор итен повик – за инцидент што се случил во близина на првиот. Вториот тим медицински лица му помогнале на 51-годишен маж, кој бил прободен со нож во градите.
Жртвата била пренесена во „Пирогов“. Мажот не е бугарски државјанин, бил примен со расеченица на грбот, соопштија од болницата.