Регион
Цакалотос: Договорот првпат овозможува реструктуирање на грчкиот долг
Грчкиот министер Евклид Цакалотос им порача во средата на пратениците во грчкиот парламент дека договорот постигнат изминатиот викенд со челниците на еврозоната за решавањето грчката должничка криза, е тежок за прифаќање но и дека истовремено ја отворил вратата за реструктуирање на грчкиот долг.
Евклид Цакалотос, кој по референдумот од 5-ти јули кога беше одбиен планот на доверителите на должноста министер за финансии го замени Јанис Варуфакис, истакна дека пред неколку месеци грчките партнери дури не сакале воопшто да разговараат за реструктуирање на долгот, но новиот договор осигурил јасна обврска за тоа прашање да се разговара по првите анализи.
„Тоа е тежок договор и само времето ќе покаже дали е одржлив. Содржи мерки против рецесијата, коишто, под одредени услови и доколку проблемот со долгот биде решен и доколку пости план за инвестиции, и доколку луѓето со оптимизам гледаат дека излегувањето од еврозоната е зад нас тогаш може да донесе раст“, рече Цакалотос, кого го цитира агенцијата ANA.
„Кога ќе бидат довршени преговорите за три до четири седмици, ќе го анализираме договорот и секогаш ќе го имам предвид средниот слој од населението кој многу патеше“, изјави Цакалотос на заедничката седница на надлежните парламентарни комисии во кои членуваат околу 200 пратеници.
Законските предлози прво ги разгледуваат надлежните комисии на заедничка седница, на којашто присуствуваа повеќе од половината пратеници во грчкиот парламент, а потоа во средата ќе се одржи пленарната седница на парламентот на која ќе мора да биде усвоен реформскиот пакет.
Грчкиот парламент мора да усвои низа закони кои се предуслов за отпочнување на преговорите за третиот пакет меѓународна финансиска помош за земјата. Законските предлози за промените на серија даноци, како и на пензискиот систем, треба да овозможат раст на буџетските приходи за 3,175 милијарди евра на годишно ниво.
Владата во Атина проценува дека најголемиот приход ќе го донесе зголемувањето на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ), вкупно 2,39 милијарди евра годишно, а другиот дел од очекуваните буџетски приходи би дошол од зголемувањето на данокот на осигурување, данокот на добивка, данокот на луксузни стоки, на бродовите поголеми од пет метри, како и на посилните моторни возила, како и од дополнителните даноци за оние со примања поголеми од 30.000 евра, дознава грчката новинска агенција.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача во вторникот вечерта во интервјуто за јавната телевизија ERT, дека договорот што изминатиот викенд беше постигнат со челниците на еврозоната, мора да биде спроведен па дури и да станува збор за едностран потег на Грција. Порача дека договорот, иако како што истакна ѝ наметнат на Грција, мора да се спроведе, бидејќи ја спасува од излегувањето од еврозоната,
Ципрас се соочува проблеми во редовите на пратеничката група на неговата владејачка коалиција на радикалната левица Сириза, од којашто 30 до 40 пратеници може да се одметнат, дознава агенцијата Reuters. Оттаму, му е неопходна поддршката од партиите коишто ја сочинуваа претходната влада, конзервативната Нова демократија, и другите кои се сметаат за проевропски, бидејќи за изгласување на пакетот му се потребни 151 глас од вкупно 300-те пратеници. „Болна е вистината дека ова за Грција е еднонасочна улица по која мора да оди“, рече премиерот во споменатото телевизиско интервју.
Испитувањата на јавното мнение покажуваат дека тесно мнозинство Грци сепак сметаат дека е постигнат позитивен договор. Според анкетата која во вторникот објави весникот TO BHMA, 51,5 отсто од испитаниците веруваат дека договорот кој владата го постигна со меѓународните доверители е позитивен, а уште поголем процент веруваат дека парламентот треба да го потврди. Дури 72 отсто сметат дека нема алтернатива за договорот и 70,1 проценти веруваат дека пратениците треба да го изгласаат./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.

