Забава
Форбс: Србија меѓу 18 најисплатливи туристички дестинации
По избор на американскиот магазин „Форбс“, Србија се наоѓа меѓу 18 финансиски најисплатливи туристички дестинации во светот, која треба да се посети годинава.
„Србија е една од најдобро чуваните тајни на Европа. Тоа е едно од оние места со толку неверојатна енергија која е заразна“ се наведува на листата 18 најповолни туристички места за 2019 година на „Форбс“.
„Пријателски настроените локалци секогаш се надвор, а меѓу нив ќе најдете и луѓе, на различни години, како уживаат и пијат ракија. Рестораните се комбинација на традиционални и интернационални јадења“ пишува травел блогерката Ашџик Мелконијан, која на сите топло им препорачува лепче, ќебапи и Караѓорџевата шницла.
Ноќниот живот во Србија се издвојува како единствен и како што се наведува, на сплавовите има клубови барови, а забавите траат до раните утрински часови.
Првото место на листата најповолни туристички дестинации во 2019-та му припадна на Сан Антонио во САД, второто место е за Пуебло во Мексико, а третото за Хаваи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Деми Мур не престанува да изненадува со своите модни изданија, но и со својот сè помлад изглед
Познатата актерка Деми Мур неодамна го прослави својот 63-ти роденден, а нејзиниот младешки изглед е сè повеќе во центарот на вниманието, како и коментарите за бројните козметички корекции што ги направила.
Деми шармираше безброј пати, и секој пат кога ќе помислиме дека не може подобро, таа го негира тоа.

Црвениот тепих е нејзина специјалност, а фаталната актерка сега се појави на британската премиера на втората сезона од серијата „Лендмен“.
За таа пригода, црнокосата Деми Мур избра елегантен фустан украсен со цветни мотиви, кој има многу нагласен струк, но и деколте, па сè друго стана помалку важно.

Сребрените обетки и кремастите сандали надополнија сè, а кога станува збор за нејзината фризура, Деми крена само еден дел од косата, додека остатокот го остави преку рамената.

Сепак, и покрај совршениот фустан, лицето на Деми Мур е сè повеќе тема на дискусија, и ако треба да се верува на коментарите, се чини дека актерката е на работ да ја изгуби мерката и да претера со својот младешки изглед.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Не мора да се соблече за да биде „главна“: елеганцијата е нејзиното второ име
Познатата актерка Мила Кунис присуствуваше на премиерата на „Wake Up Dead Man: A Knives Out Mystery“ на Нетфликс и го засени целиот настан со својот изглед и насмевка.
Не е ни чудо што Мила ги освои сите и покажа дека елеганцијата и гламурот сè уште имаат централно место насекаде, и дека не е секогаш потребно да откриете сè за целото внимание да биде насочено кон вас.

За оваа пригода, убавата актерка избра долг фустан во боја на шампањ, со дискретни светки на деколтето, а сè комплетираше со насмевка.
Едноставните бранови и нејзината препознатлива шминка со нагласена црна сенка за очи, само ја комплетираа целата сцена и магијата што Мила Кунис ја покажа на овој црвен тепих.

Мила Кунис ужива во бракот со Ештон Качер, а двајцата се сметаат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена. Тие се многу посветени родители и се обидуваат сè што е поврзано со децата да го чуваат за себе.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Совршеното дамско издание дефинитивно постои, но никој не го очекуваше од Рита Ора
Пејачката Рита Ора се појави на настан во Лос Анџелес посветен на жените организиран од списанието ELLE и во таа пригода ги остави сите без здив.
Иако сме навикнати и веројатно веќе очекуваме да видиме некое екстремно голо издание, барем провокативно, овој пат Рита отстапи од своето непишано правило и ги изненади сите, позитивно.

За овој настан, пејачката избра елегантен виолетов фустан од кадифе, кој не е ни премногу тесен, туку доволно за да ги истакне нејзините облини. Интересен детаљ им го привлече вниманието на сите кога се сврте и го покажа својот гол грб, како и тетоважите.
Рита сакаше да биде особено елегантна и ненаметлива, очигледно за овој настан, па соодветно на тоа не претеруваше со шминката, додека косата ѝ беше во плетенки и мала пунџа.

Ѕвездата на ова модно издание беше нејзиниот гол грб и тетоважите што ги покажа, па затоа се обидуваше постојано да позира за фотографите така.

Несомнено е дека ова појавување на атрактивната пејачка ќе се памети долго време, иако не се „соблече“ на начинот на кој само таа знае.
фото: принтскрин

