Спорт
Нишикори освои титула по девет загубени финалиња!
Кеи Нишикори со 6:4/3:6/6:2 го победи талентираниот Русин Данил Медведев во финалето на Бризбејн интернешнл за да ја освои својата прва АТП титула од февруари 2016 година и да ја прекине неверојатната низа од девет порази едноподруго во мечевите за ти…


Кеи Нишикори со 6:4/3:6/6:2 го победи талентираниот Русин Данил Медведев во финалето на Бризбејн интернешнл за да ја освои својата прва АТП титула од февруари 2016 година и да ја прекине неверојатната низа од девет порази едноподруго во мечевите за титула.
Нишикори, кој минатата сезона се мачеше со повреда и падна на 35. место на АТП листата, најави дека е во одлична форма на подготвителниот турнир во Бризбејн, каде што до финалето немаше сериозен противник.
По титулата во Мемфис во февруари 2016 година за Јапоенцот следуваа неверојатни девет порази во финалињата (Мајами опен 2016, Барселона опен 2016, Мастерс Торонто 2016, Свис Индорс 2016, Бризбејн 2017, Аргентина опен 2017, Монте Карло Мастерс 2018, Јапонија опен 2018 и Виена опен 2018).
Фото: ЕПА
K E I ?@keinishikori is a @ATP_Tour champion again with a 6-4 3-6 6-2 triumph over Daniil Medvedev, his first title since Feb. 2016 and 12th overall
? https://t.co/Q0TAsESVXI #BrisbaneTennis pic.twitter.com/rigAYGXimj
— #BrisbaneTennis (@BrisbaneTennis) January 6, 2019
“The drought is over!”@keinishikori moment of long-awaited triumph in front of the #BrisbaneTennis crowd
? @Channel9 @9Go pic.twitter.com/JtY2X12JaC
— #BrisbaneTennis (@BrisbaneTennis) January 6, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА подготвува нова револуција, ќе има промени во квалификациите за ЕП и за СП

Квалификациите за Светско и Европско првенство во фудбал би можеле да доживеат целосна промена. УЕФА размислува за воведување систем сличен на Лигата на шампионите, пишува британски „Тајмс“.
Лига-шемата би овозможила повеќе големи натпревари, а помалите репрезентации сепак би имале шанса за дуели со силните селекции. Се размислува и за вклучување на Лигата на нации како дел од квалификациите.
Генералните секретари на 55 европски федерации се состанаа во Малага. Тие дискутираа за предностите и недостатоците на секоја опција.
Сегашниот систем со мали групи од четири или пет репрезентации е соочен со пад на интересот. Причина е и недостигот од атрактивни натпревари.
УЕФА сака максимален интерес и приход од квалификациите. Репрезентативните паузи често се гледаат како непожелна пречка, што организацијата сака да го промени.
Идниот систем може да користи од Лигата на нации, од Лигата на шампионите или да има сосема нов формат. На пример, ако Европа има 16 места за Светското првенство, првите 12 би се квалификувале директно, а останатите осум репрезентации би се бореле за преостанатите четири места во доигрување.
Спорт
Влаховиќ: За мене е ова најтешкиот пораз во репрезентативната кариера

Напаѓачот Душан Влаховиќ ја коментираше тешкиот пораз на Србија од Албанија (0-1). Фудбалерот на Јувентус зборуваше отворено за емоциите по мечот.
„Ова не е лесно. За мене е најтежок пораз од кога сум во репрезентацијата, и верувам дека другите момци се чувствуваат исто. Тежок ден, тешка вечер. Нема што друго да кажам“, изјави Влаховиќ.
И покрај необичната, речиси „театрална“ атмосфера на стадионот, тој нагласува дека тимот останал концентриран.
„Бевме фокусирани на играта на теренот. Атмосферата ја чувствуваш само кога топката не е кај нас. Но кога си концентриран, ретко го слушаш тоа што се случува на трибините. Мислевме дека мора да победиме. За жал, не успеавме. Сега треба да играме во Андора – ќе биде тешко, но мораме да се опоравиме за следниот меч и да победиме, затоа што сè уште имаме надеж.“
Влаховиќ призна дека најтешки моменти биле двете големи шанси кои не ги реализирал и ја превзема целосната одговорност.
„Најмногу сакав да постигнам гол, повеќе од било кој друг. Не успеав и многу жалам. Кажав во соблекувалната – не барав алиби. Сè можеше да биде различно ако постигнев гол во првото полувреме. Мечот можеше да тргне во друга насока и можеби ќе победевме. Сепак, загубивме и многу ни е тешко“, истакна Влаховиќ.
Спорт
Голманот на Барселона сигурно ќе го пропушти првото Ел Класико

Новото засилување на Барселона, голманот Жоан Гарсија, ќе го пропушти првото Ел Класико оваа сезона.
Шпанецот го повреди менискусот на коленото во мечот со Овиедо минатиот месец и мораше да оди на операција.
„Сè оди добро, но ќе се вратам за околу еден месец“, изјави Гарсија.
Тоа значи дека Барселона ќе продолжи да смета на Војчех Шчесни на голот.
Шпанските медиуми јавуваат дека ќе ги пропушти натпреварите со Жирона, Олимпијакос, Реал Мадрид, Елче, Бриж и веројатно Селта. Реално се очекува да се врати за мечот со Атлетик Билбао на 23 ноември, по следната репрезентативна пауза.