Македонија
Верниците во Москва, Витлеем, Ерусалим, Каиро…го прославуваат Божик
Православните христијани се собраа во Москва, Витлеем, Ерусалим, Каиро и други градови во светот за да го прослават Божик. Прославуваат верниците чии цркви се водат според Јулијанскиот календар. Некои православни цркви пак Божиќ го слават на 25 декември, според Грегоријанскиот календар.Ерменската православна црква го прослави Божиќ на 6 јануари. Православните цркви во Романија, Грција и Бугарија, исто така, го слават Божик според Грегоријанскиот календар на 25 декември.

Стотици луѓе го одбележаа Божик во Витлеем во Црквата на Христовото раѓање, која е изградена на местото кое традиционално се препознава како место на раѓање на Исус Христос.Таму грчкиот патријарх Теофилос Трети одржа литургија, додека неколку десетици демонстранти извикуваа „предавници“ во знак на протест поради тоа што Грчката православна црква го продала имотот во источен Ерусалим кој е главно населен со Палестинци на групи кои градаат еврејски населби.
Во Каиро, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ја отвори новата катедрала на Коптската православна црква и една од најголемите цркви во регионот.Тоа доаѓа во време кога исламските милитанти сѐ повеќе се насочуваат против христијанските верници во земјата со смртоносни терористички напади.

Во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на церемониите по повод Божиќ.
По синоќешната традиционална посна семејна вечера за Бадник и разделувањето на лепчето со паричка, во многу цркви во Македонија се одржаа празнични богослужби. На празникот во црква се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

