Спорт
Визардс ставија крај на серијата на Оклахома (Видео)
Вашингтон Визардас убедливо славеа во Окалхома 116:98, иако Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл. Без Џон Вол и Двајт Хауард, Визардс најдоа сили да ја прекинат серијата од три победи на Оклахома.
Гостите од престолнината на САД, одиграа одличен меч,…

Вашингтон Визардас убедливо славеа во Окалхома 116:98, иако Расел Вестбрук забележа нов трипл-дабл. Без Џон Вол и Двајт Хауард, Визардс најдоа сили да ја прекинат серијата од три победи на Оклахома.
Гостите од престолнината на САД, одиграа одличен меч, ги добија сите четвртини и заслужено победија.
Бредли Бил ги предводеше Визардс до 16. победа во 40. натпревар сезонава. На спротивната страна Вестбрук забележа 22 поени, 15 скока и 13 асистенции, а Пол Џорџ заврши со 20 поени.
Оклахома се на третата позиција на Западот со 25 победи и 14 порази.
Лидерите во лигата Торонто Репторс во дербито славеа над Индијана Пејсерс со 121:105. Пејсерс ги предводеше Хрватот Бојан Богдановиќ со 21 поен, девет скока, три асистенции и две украдени топки.
Кај Торонто се истакнаа Норман Пауел со 23 и Серж Ибака со 18 поени.
Лејкерси без Леброн Џејмс го запишаа петтиот пораз на последните шест натпревари. „Езерџиите“ беа поразени од Минесота Тимбервулвс 108:86. Ендрју Вигинс и Карл-Ентони Таунс постигнаа по 28 поени за Минесота.
Шарлот славеа над Феникс 119:113, Атланта го победи Мајами 106:82, а ЛА Клиперс беа подобри од Орландо Меџик, во чии редови брилијантен меч одигра Црногорецот Никола Вучевиќ (16 поени, 24 скока, 8 асистенции и 2 блокади).
Nikola Vucevic today in LA:
16 PTS
24 REBS
8 ASTS
2 BLKS #PureMagic pic.twitter.com/7ipfmuvTgk— NBA (@NBA) January 6, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Јокиќ и Денвер немоќни пред Оклахома, Лејкерси поразени во Њујорк
Кошаркарите на Оклахома и Њујорк забележаа победи во дерби мечевите, одиграни во НБА лигата. Актуелните шампиони победија во Денвер со 121:111. а Никс славеа над ЛА Лејкерс 112:100.
Шеј Гилџис-Александер беше најзаслужен за победата на Оклахома со 34 поени, 13 асистенции и пет скока. Кејсон Волас го следеше со 27 поени и шест скока.
Пејтон Вотсон беше најефикасниот играч кај Денвер со 29 поени и пет скока. Никола Јокиќ со скратена минутажа забележа 16 поени, седум скока и осум асистенции.
Оклахома го диктираше ритамот во текот на целиот натпревар и не го испушти водството во ниту еден момент.
Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“, благодарение на Лендри Шемет ги решија Лејкерси. Бекот на Никс, влегувајќи од клупата, постигна шест тројки, мечот го заврши со 23 поени.
Њујорк мечот го решија во третиот период. Откако по првиот дел имаа предност од 56:53, во третата четвртина акумулираа уште 12 поени, во последниот период влегоа со предност од 16 поени.
Покрај Шемет, кај Њујорк се истакнаа Ануноби со25 поени со осум скока, Харт со 20, Бренсон со 12, односно Таунс со 11 поени и 13 скока.
На спротивната страна, Дончиќ имаше 30 поени, 15 скока и осум асистенции, а ветеранот Џејмс забележа 22 поени, пет скока и шест асистенции.
Резултати:
Бостон – Милвоки 107:79
/Браун 30 – Ролинс 25/
Детроит – Бруклин 130:77
/Дурент 21 – Пауел 12/
Мајами – Чикаго 134:91
/Адебајо 20 – Вајт 16/
Торонто – Јута 107:100
/Берет 21 – Марканен 27/
Вашингтон – Сакраменто 116:112
/Рајли 18 – Лавин 35/
Сан Антонио – Орландо 112:103
/Вембањама 25 – Бејн 25/
Феникс – ЛА Клиперс 93:117
/Ален 23 – Ленард 25/
Портланд – Кливленд 111:130
/Лав 21 – Ален 40/
Спорт
Ливерпул за 70 милиони евра го договори трансферот на Жаке
Талентираниот дефанзивец на Рен, 20-годишниот Жереми Жаке, ќе го носи црвениот дрес на Ливерпул од следната сезона.
Како што објавија англиските и француските медиуми, двата клуба го договориле трансферот на младиот француски репрезентативец. Договорот е дека Жаке ќе игра за Рен до крајот на сезоната, а на лето ќе се пресели во Ливерпул.
Како што објави Би-Би-Си, англискиот клуб ќе плати 60 милиони фунти (околу 69,30 милиони евра) обештетување, од кои 55 милиони фунти се фиксни плус уште пет милиони бонуси.
Шампионот на Англија сака да ја зајакне конкуренцијата на позицијата стопер. Минатото лето го доведе 19-годишниот Џовани Леони од Парма, но талентираниот Италијанец доживеа сериозна повреда на 23 септември на своето деби против Саутемптон во Лига Купот.
Исто така, договорот на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате истекува на крајот од оваа сезона.
Жереми Жаке има 20 години (роден е на 13 јули 2005 година во предградието на Париз), помина низ академијата на Рен и дебитираше за првиот тим во јануари 2024 година. Некое време беше во Клермон.
Оваа сезона одигра 18 натпревари за Рен и го привлече вниманието на најсилните европски клубови со своите добри настапи.
Тој е член на младата француска репрезентација, а Ливерпул го гледа како долгорочна инвестиција.
Foto/ staderennais.com
Спорт
Мерино мора да биде оериран, го чека долга пауза
Фудбалерот на Арсенал, Микел Мерино, ќе биде подложен на операција поради повреда на коската во стапалото на десната нога, објави клубот.
Шпанскиот репрезентативец има 33 настапи за Арсенал во сите натпреварувања оваа сезона, постигна шест гола.
Мерино е важен дел од ротацијата на тренерот на „топџиите“, Микел Артета, кој го користеше во средниот ред, но и како лажна деветка. Арсенал во своето соопштение објави дека 29-годишникот ќе биде надвор од теренот подолго време, иако не ја откри точната дијагноза.
Некои извори тврдат дека Арсенал, по повредата на Мерино, би можел да излезе на пазарот, но нема многу време – зимскиот преоден рок се затвора во вечерва во 19:00 часот.
Кога станува збор за опциите за средниот ред, Арсенал ги има на располагање Мартин Одегард, Деклан Рајс, Кристијан Норгард, Мартин Зубименди, Еберечи Езе и Каи Хаверц.
Мајлс Луис-Скели, кој го поминува поголемиот дел од своето време на позицијата лев бек, може да игра и во средината на теренот.
Арсенал е лидер во Премиер лигата со 53 бода од 24 натпревари, додека второпласираниот Манчестер Сити освои шест бода помалку.
Foto/ depositphotos

