Свет
Лавина на Алпите: Тројца скијачи загинаа, стотици се завеани во големите скијачки центри
Двајца скијачи загинаа во лавина, а стотици се завеани во големите скијачки центри на австриските Алпи за време на викендот. Повеќе од половина метар снег наврна во саботата наутро на северниот дел на Алпите, што е вистинска опасност за скијачите.
И покрај ризиците и предупредувањата, некои од скијачите сепак заминале надвор од скијачките патеки, по што двајца германски скијачи ги загубија животите во планините покрај Ворарлберг на западот на земјата. Опасноста од лавини на повеќето планински подрачја во Австрија е означена како ,,висока” и на на второ место по опасност од петте можни стадиуми.
Скијачите загинале иако имале и заштитни елеци во случај на лавина, кои се дуваат со цел да останат на површината на снегот. Тие настрадале во два одделни случаи. Спасувачите успеале да ги ископаат од снегот, но не успеале да ги спасат.
Третиот смртен случај е забележан во неделата во Ворарлберг кога швајцарски скијач излетал од патеката и слетал низ остра падина, по што загинал откако со главата се забил во длабок снег.
Околу 12 илјади туристи останале завеани во скијалиштето до вчера попладне, кога експерти со контролирана експлозија предизвикале лавина и го ослободиле местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

