Вести
Обама: Климатските промени се опасност за воените бази на САД

За влијанието на зголемувањето на нивото на морето, одмрзнувањето на пермафростот и шумските пожари, коишто ги предизвика глобалното затоплување и им се закануваат на американските воени бази и ќе го изменат начинот на кој САД ја бранат земјата, се наведува во говорот со којшто во средата подоцна американскиот претседател Барак Обама ќе им се обрати на питомците на американската Академија на крајбрежната стража во Њу Лондон.
Белата куќа претходно известува дека претседателот Барак Обама во говорот ќе ги истакне опасностите кои ги претставуваат климатските промени за националната безбедност на САД. Тоа ќе биде еден од приоритетите во преостанатите 19 месеци на претседателската функција.
„Дел сте од првата генерација на офицери кои службата ја започнаа во светот во кој последиците од климатските промени имаат толку очигледно влијание врз нас“, ќе каже Обама во говорот пред 224 кадети на Академијата на крајбрежната стража на САД во Њу Лондон, во сојузната држава Конектикат.
„Климатските промени ќе влијаат на тоа како секој од нас ќе ги извршува своите должности во службата, како ќе функционира, ќе се увежбува, ќе влијае на начинот и изборот на опремата, како и на заштитата на инфраструктурата, денес и долгорочно“, се наведува натаму во говорот на Обама претходно доставен до агенциите.
Пентагон го проценува влијанието на климатските промени на 7.000 американски воени бази и други воени постројки, а многу од нив се на брегот, истакнува Белата куќа.
Обама во говорот би требало да истакне каква штета од зголемувањето на нивото на морињата би можеле да имаат би можеле да имаат поморските и воздухопловните бази во Норфлок и во Вирџинија, постројките на Алјаска и изградена на пермафростот кој се топи, како и воените полигони на западот од земјата коишто се загрозени од големите шумски пожари.
„Климатските промени претставуваат опасност кога станува збор за подготвеноста на нашите воени сили“, ќе каже Обама пред кадетите на Академијата. Со нив ќе разговара за ризиците коишто климатските промени и големите природни катастрофи како нивна последица ги претставуваат за глобалната безбедноста. Тие би можеле да поттикнат политичка нестабилност и тензии, објави Белата куќа.
Обама настојува да ја добие поддршката за меѓународниот договор за намалувањето на емисијата на гасовите коишто го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, за коишто ќе се дискутира во декември годинава во Париз./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.