Европа
Франција планира воведување на построги закони за протестите
Франција планира да воведе закони со кои би се засилиле санкциите за непријавените протести, a како последица на насилните протести на „жолтите елеци“. Ова го изјави вечерва францускиот премиер, Едуар Филип за државната ТФ1 телевизија, пренесе „Ројтерс“.
„Мораме да го заштитиме правото на демонстрантите во Франција и да ги санкционираме оние кои го кршат законот“, изјави Филип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Грузија го усвои контроверзниот „руски закон“, кој предизвика хаос во земјата
Грузискиот парламент го усвои контроверзниот закон за странските агенти и покрај големото противење на граѓаните и предупредувањата од Европската Унија дека неговото донесување ќе ги загрози шансите на земјата да му се приклучи на блокот.
Новиот закон ќе бара организациите што добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како агенти на странско влијание или ќе се соочат со високи казни. Противниците велат дека законот е направен според слични закони во Русија ,кои Кремљ ги користел за да ги задуши опозицијата и граѓанското општество.
Многу Грузијци стравуваат дека законот за странски агенти ќе се користи на ист начин во нивната земја. Масовните демонстрации со денови го парализираат главниот град Тбилиси.
Грузискиот сон, владејачката партија која го протурка законот, возврати на критиките велејќи дека овој потег ќе ги промовира транспарентноста и националниот суверенитет.
Грузискиот парламент сега има 10 дена да го испрати нацртот до претседателката Саломе Зурабичвили, која веќе вети дека ќе стави вето.
Претседателката има две недели да го стори тоа, но парламентот може да го отфрли нејзиниот приговор со просто мнозинство.
Европа
Британскиот министер за одбрана: Светот го тргна погледот од Украина, последиците од тоа ги гледаме во Харков
Британскиот министер за одбрана, Грант Шапс, денеска изјави дека ситуацијата во Харков е резултат на тоа што „светот го тргна погледот од Украина“.
Говорејќи на конференцијата Sea Power, денес министерот ја повтори целосната поддршка на Велика Британија за Украина велејќи дека руската победа би била „незамислива и неприфатлива“.
Тој рече: „Многупати сум слушнал, вклучително и она што ми го кажа украинскиот претседател Зеленски, дека без Британија се прашуваат дали сè уште ќе бидат во оваа војна. Тој ги наброја обврските на Велика Британија кон Украина и го критикува светот, кој неодамна ‘го тргна погледот’“.
„Количината време што беше потребно за да се заврши остатокот од финансирањето директно доведе до позицијата што ја гледаме во Харков денес“, рече Шапс.
Тој додаде дека не мисли оти ситуацијата е фатална и рече дека тоа е „важна лекција за светот да не го изгуби вниманието на Украина“.
Европа
(Видео) Русите велат дека уништиле хрватски ракетен фрлач во Украина, објавена снимка
Руски трупи во Украина уништија повеќецевен ракетен фрлач (МЛРС) РАК-СА-12 од 122 мм, произведен во Хрватска, првпат од почетокот на војната, изјави вчера генерал-полковник Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.
Конашенков вели дека ракетниот фрлач го уништила единици на групата Центар, кои „ја подобриле тактичката ситуација и ги поразиле формациите на три бригади на вооружените сили на Украина“.
„Покрај РАК-СА-12, украинските вооружени сили загубија 395 војници, три оклопни борбени возила, шест возила и хаубицата ‘Мста-Б’ од 155 мм во зоната на дејствување на руската група“, соопшти руското Министерство.
Руски „Репортер“ пишува дека хрватскиот ракетен фрлач бил уништен од рускиот самоубиствен дрон „Лансет“. Велат дека „Лансет“ уништил три МЛРС во последните неколку дена, од кои еден бил советскиот „МЛРС град“.