Европа
Австрискиот претседател смета дека европското семејство е нецелосно без Западен Балкан
Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, изрази уверување дека европското семејство ќе биде целосно само со вклучување на земјите од Западен Балкан и истакна дека тековната година ќе биде важна за ЕУ.
Ван дер Белен на годишниот прием за дипломатскиот кор рече дека Австрија се залага за приклучување кон Унијата на шесте земји од Западен Балкан.
Покрај тоа, тој во своето обраќање кажа дека се надева дека повлекувањето на САД од Сирија нема да доведе до заострување на граѓанската војна.
Ван дер Белен го критикуваше национализмот, унилатерализмот, отстапувањето од универзалните правни норми, повлекувањето од меѓународните договори.
Тој особено ги критикуваше САД за политиката за климатски промени.
Покрај критиките на Соединетите Американски Држави, тој се обиде да не се добие впечаток дека Австрија е премногу блиска со Русија, тој се заложи за конструктивен дијалог со Москва, без да ги спомене многубројните размени на посета.
Тој, исто така, истакна дека минатата година беа одбележани 180 години дипломатски односи меѓу Австрија и САД.
Ван дер Белен оцени дека 2019 година ќе биде важна година за ЕУ, укажувајќи на брегзит – „ако навистина дојде до него”, како и на дискусијата за иднината на Унијата, изборите за Европскиот парламент и формирањето нова Европска комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Словачкиот министер: „Словачка на работ на граѓанска војна“
Словачкиот министер за полиција, Матуш Шутај Ешток, изјави дека Словачка е на работ на граѓанска војна, пишува „Њуз.аз“.
„Од она што се случи, каква омраза посеаја многумина, денес се појави бура и практично сме на прагот на граѓанска војна. Веднаш престанете со ова“, рече тој.
Slovakia 'on brink of civil war' – Interior Minister
Matus Sutaj Estok insisted the assassination attempt on PM Robert Fico was carried out for political reasons
While Prime Minister Robert Fico is expecting a new surgical operation.
— Vexwift (@vexwift) May 16, 2024
Според последните информации, лекарите ја стабилизирале состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо за време на петчасовната операција.
Европа
Атентаторот што го застрела Фицо се соочува со доживотен затвор: полицијата му го пребарала автомобилот
Јурај Цинтула (71), кој вчера трипати го застрела словачкиот премиер Роберт Фицо, е обвинет за обид за убиство со умисла поради одмазда против заштитено лице, објавија словачките медиуми.
Според порталот „ТВ новине“, на Цинтула му се заканува казна од 25 години затвор до доживотен затвор. Истражител од Националната агенција за криминал го обвинил за убиство со умисла, а тој ја поминал ноќта во ќелија.
⚠️Robert Fico shooter says he 'disagreed with government policies' — local media
📢 He did not do this alone. He was sent to do this by the globalists pic.twitter.com/u79vPVStcP
— The Dibster (@richarddibX) May 15, 2024
Цинтула, кој инаку е во пензија, испукал пет куршуми кон премиерот Роберто Фико, од кои три го погодиле.
Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот, а бил претресен и неговиот автомобил, во кој бил пронајден телефон.
Се сомнева дека мотивот за убиството е несогласување со политиката на актуелната власт и измените што се направени или најавувани.
Доколку вината се докаже, за ова дело му се заканува казна затвор од 25 години до доживотен затвор.
Како што пренесува „ТВ Маркиза“, напаѓачот во полиција изјавил дека нападот го планирал неколку дена порано. Планирал да го повреди премиерот, но рекол дека не сака да го убие. Тој легално поседувал оружје повеќе од 30 години.
Фицо со хеликоптер бил префрлен во болница, каде што бил опериран повеќе од пет часа.
Европа
Деветмесечно момче од Велика Британија се задави од шпагети во градинка: мајката ја предупредила воспитувачката дека не може да јаде цврста храна
Мајката на деветмесечното момче од Велика Британија, кое почина кога се задави од храна во градинка, се обидела да го предупреди персоналот дека не може да јаде цврста храна.
Малиот Оливер Стипер почина во болница шест дена откога се задави од храна во градинка во Кент. Според британските медиуми, работничката во градинката истовремено хранела четири деца со болоњезе-тестенини кога малиот Оливер се задавил.
Оливер имал само два предни заба поради што дома јадел пасирана храна, пренесува „Скај њуз“.
Работниците во градинката ги уверувале неговите родители дека цврстата храна може да се испасира пред да му биде дадена и тие претпоставиле дека тоа ќе биде направено затоа што тој „не можел правилно да џвака“, беше кажано на судот.
Мајката пред судот рекла дека има намера да ги потсети вработените во градинката дека цврстата храна не му одговара, пренесува „Скај њуз“.
Размислувала веднаш да испрати имејл во градинката, но не сакала да биде напорна.
„Во градинка му дадоа овошна салата, јасно беше дека не е пасирана. Реков дека ќе разговарам со вработените следната недела“, изјави мајката во судот.
Подоцна едно утро, таа добила повик од дневниот престој и ѝ кажале дека син ѝ учествувал во инцидент и дека се задавил од храна.
Кога пристигнала во градинката, видела болничар како трча со син ѝ во рацете додека вршел компресија на градите.
Оливер бил пренесен во болница, но скенирањето на мозокот покажало дека нема да преживее, а момчето починало шест дена подоцна.
Полицијата во Кент истражувала што се случило, но не било преземено ништо.
Родителите решиле да го праќаат Оливер во градинка само неколку дена во неделата бидејќи таа била на 20 минути од нивната куќа и изгледала како семејна градинка.
Судењето продолжува.