Македонија
Забрана за камиони на Ќафасан и на патот Маврово – Дебар
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/02/zabrana-za-kamioni.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонијапат“.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово-Дебар.
Се воведува забрана за движење и на тешки товарни возила на патниот правец Струга граничен премин Ќафасан од 7:15 часот, информира АМСМ.
Снег врне на Попова Шапка, во Маврово, Дебар,Охрид, Струга, Кичево и на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/SREDBA_MICKOSKI_AGELER-26.06-3.jpg)
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, оствари средба со Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела Агелер.
На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата.
Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.
Амбасадорката Агелер ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.
Македонија
Мицкоски: Изјавите на Радев се дел од средниот век, поминаа времињата кога политичарите виткаа кичма
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/mickoski-radev-.jpg)
Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е да го препознае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „бугарски“ во РСМ. Ова како што пренесуваат бугарските медиумите, пред новинарите го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев.
Овие изјави Мицкоски ги оцени за анахрони и изјави дека се дел од средниот век, а не од современа Европа. Премиерот рече дека не го негира постоењето на бугарското малцинство во земјава кое, како што кажа, заедно со другите е признаено уште од раните 40-ти години, но обвини дека во Бугарија постои тивка и постепена асимилација на македонското малцинство. Потврда за тоа, како што вели, се пресудите на Судот за човекови права во Стразбур.
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е подготвен да седне на иста маса со бугарскиот претседател Румен Радев и со лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, и со факти и аргументи да разговара за иднината, но оцени дека добрососедство не е ако нема меѓусебна почит и ако едната страна е понижена, а другата ликува.
„Јас сум подготвен да седнам и покрај тоа и да разговарам и со едниот и со другиот. Му посакувам на господинот Борисов да ја формира владата во Бугарија бидејќи ние доаѓаме од Европската народна партија и логично е јас да посакувам нашиот источен сосед да има премиер кој доаѓа од истото семејство. Тоа не треба да имате дилема. Но, исто така, мојата порака е дека поминаа времињата кога овде кај нас имаше политичари кои беа сервилни, коишто виткаа кичма, коишто коленичеа, потпишува се и сешто што им беше ставено на маса. Од друга страна во името на европското знаме го ограбуваа народот, ја засрамуваа и понижуваа својата татковина“, рече Мицкоски.
Македонија
Средба на Комисијата за европски прашања со Делегацијата од Баварија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/bavarija-kep-3.jpg)
Членовите на Комисијата за европски прашања имаа денеска средба со Делегацијата на Парламентот на Баварија, предводена од Герхард Хоп, член на Комисијата за Европа во овој регионален парламент во Сојузна Република Германија.
Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања (КЕП), Игор Здравковски, ја поздрави баварската Делегација, во чиј состав се вклучени и стопанственици, притоа истакнувајќи дека Германија, како земја предводник на европското обединување е значаен партнер во напорите на нашата земја за членство во Европската Унија.
Здравковски се осврна и на надлежностите на КЕП, нагласувајќи дека новиот состав на Комисијата ќе продолжи да работи посветено во остварување на стратешката цел на државата за интегрирање во ЕУ.
Во име на баварската Делегација, Хоп посочи дека за Баварија, како и за Германија во целина, е мошне важно да оставрува контакти со сите земји од регионот на Западен Балкан, со кои, како што рече, негуваме добри историски, културни и лични односи. Како претставници на регионален Парламент, рече Хоп, добро знаеме колку е битна регионалната соработка и затоа имате целосна поддршка да бидете дел од европското семејство.
Истакнувајќи го фактот дека Германија е наш клучен политички поддржувач и најголем трговски партнер, присутните на средбата се согласија дека двете земји имаат мошне добра соработка и во делот на економијата и образованието, иако, како што заклучија, секогаш има простор за дополнително продлабочување и интензивирање на односите во сите области.