Македонија
Секретаријатот за европски прашања вработува 13 службеници
Секретаријатот за европски прашања објави оглас со кој вработува 13 државни службеници на различни позиции. Во огласот се бараат 10 раководители, помлад соработник и двајца советници.
Огласените позиции се за помошник-раководител на сектор за информатичка и комуникациска технологија и архивско работење за плата во нето-износ од 31 414 денари, за раководители на одделението за јазична ревизија и терминологија, на одделението за буџетска контрола, на одделението за програмирање на европски фондови и на одделението за внатрешен пазар и конкуренција и на други одделенија за нето-плата од 28 286 денари.
Рокот за пријавување е 15 дена од денот на објавувањето на огласот. Во огласот е ставена напомена дека предвидени вработувања согласно со годишниот план на институцијата за 2019 година се еден 9 Македонци, тројца Албанци и еден Ром.
Премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање за објавените огласи за вработувања во јавната администрација рече дека во администрацијата се пополнуваат работни места од 2017 година.
„Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат, и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции“, посочи Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

