Свет
Чавушоглу: Операцијата против Курдите не зависи од повлекувањето на САД

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека воената операција против курдските единици за заштита на народот, што Турција ја најави на северот во Сирија, не зависи од повлекувањето на американските трупи од тој регион, пренесе „Ројтерс“.
Се наведува дека Чавушоглу во интервју за НТВ порачал оти не е реално да се очекува од САД целосно да го соберат оружјето што им го дале на нивните сојузници.
Агенцијата потсетува дека официјална Анкара курдската единица ја смета за терористичка организација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание на американските царини. Економскиот раст во првите три месеци од годината ги надмина очекувањата, поттикнат од посилната продажба на мало и индустриското производство.
Заменик-директорот на кинеското Национално биро за статистика, коментирајќи ги штотуку објавените податоци за БДП, рече дека кинеската влада силно ги осудува „американските царински бариери и трговското насилство“. Шенг Лајјун тврди дека таквите мерки ги прекршуваат меѓународните закони и принципи на Светската трговска организација (СТО) и имаат сериозен ефект врз глобалниот економски поредок.
Додаде дека објавените податоци ја покажуваат отпорноста на кинеската економија во кризни услови, но дека „високите царини наметнати од САД ќе донесат одреден притисок врз надворешната трговија и пошироката економија на Кина“.
Сепак, тој вели дека царините нема да го запрат кинескиот раст на долг рок и дека Кина ќе реагира проактивно: „Пекинг има богат арсенал на мерки за стимулирање на растот и е подготвен да преземе конкретни чекори за поддршка на економијата“, рече Шенг.
Регион
Српските студенти со велосипеди стигнаа во Стразбур

Околу 80 студенти и членови на академската заедница од Србија денеска со велосипед пристигнаа во Стразбур, откако за 13 дена поминаа повеќе од 1.400 километри низ неколку европски земји.
Акцијата наречена „Тур де Стразбур“ беше организирана со цел директно да им се пренесе на европските институции загриженоста за состојбата со човековите права и недостатокот на реакција од надлежните органи во Србија по трагичните настани од ноември минатата година.
Студентите тргнаа на 3 април од Нови Сад, а рутата ги однесе преку Суботица, Будимпешта, Братислава, Виена, Линц, Минхен, Аугсбург, Улм и Штутгарт, со емотивен пречек од српската дијаспора и поддршка од граѓаните во секој град.
Тие предвреме пристигнаа во Стразбур, каде беа пречекани од мноштво граѓани, претставници на српската заедница од Франција, како и поддржувачи од други европски земји.
Причина за оваа акција беше трагедијата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога поради уривање на настрешницата загинаа 16 млади лица. Настанот предизвика бран протести и блокади на повеќе од 60 факултети во Србија, при што студентите истакнаа четири клучни барања, вклучително и утврдување одговорност за трагедијата и разоткривање на корупцијата во јавните работи.
Целта на велосипедската тура беше да се достават извештаи и писма до институциите на Советот на Европа и Европската унија, вклучително и Парламентарното собрание на Советот на Европа, Комесарот за човекови права, Европскиот парламент и Европската комисија, со цел да се алармира меѓународната заедница за, како што тврдат, сериозни прекршувања на човековите и уставните права во Србија.
Студентите порачаа дека со овој зафат сакаат да покажат истрајност и посветеност во борбата за поправедно општество и дека ниту далечината ниту пречките нема да им го спречат гласот. „Сакаме нашиот глас да се слушне низ целиот свет и да покажеме единство во залагањето за нашите права“, нагласија организаторите.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот Хиндукуш во Авганистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 75 километри, соопшти ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот бил на 164 километри источно од Баглан, град со население од околу 108.000 жители.
Засега нема информации за штети или жртви.