Контакт

Општество

Неопходна е меѓусекторската соработка за остварување на децата со попреченост

Објавено пред

На консултативната средба на национално ниво на тема деца со попреченост, партнерите од владините институции, организациите на лица со попреченост, родителите и практичарите, се согласија дека е неопходно вклучување на сите сектори за да се спроведе холистички пристап со фокус на детето, дека поддршката треба да се насочи директно кон децата и да се пружи во средините на кои децата природно им припаѓаат – семејството, заедницата, редовните градинки и училишта.  
 
 

dobivaj vesti na viber

На консултативната средба на национално ниво на тема деца со попреченост, партнерите од владините институции, организациите на лица со попреченост, родителите и практичарите, се согласија дека е неопходно вклучување на сите сектори за да се спроведе холистички пристап со фокус на детето, дека поддршката треба да се насочи директно кон децата и да се пружи во средините на кои децата природно им припаѓаат – семејството, заедницата, редовните градинки и училишта.  

Консултацијата на национално ниво ја организираа заедно Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука со поддршка од УНИЦЕФ со цел да се дојде до исто разбирање за предизвиците со кои се соочуваат децата со попреченост и да се постигне заедничка согласност за понатамошните чекори во остварување на правата на децата со попреченост.  „Сметам дека во понатамошната работа на ова поле, токму безрезервната меѓуресорска соработка и активната вклученост на организациите кои ги застапуваат лицата со попреченост и родителите се клучни“, рече министерот за образование и наука г. Абдулаќим Адеми.„Ние заедно сме одговорни да ја редефинираме перцепцијата за личностите со попреченост во нашето општество, односно да не гледаме на она малку што не можат да го направат заради ограничувањата во околината, туку на сé она што тие го можат“, додаде АдемиКонсултацијата беше раководена од првичните наоди од едно големо истражување кое ги анализира пропустите во законодавството и услугите што се нудат на децата со попреченост во здравствениот сектор, раниот детски развој, образованието и социјалниот сектор.  Истражувањето повикува да се забрза спроведување на законите во пракса, да се обезбеди подобро прибирање и употреба на статистичките податоци, давателите на услуги да станат професионални, да се подобрат постоечките услуги, како и да се воведат нови интервенции и да се зајакне соработката меѓу секторите за инклузија на децата со попреченост. „Ниеден поединец, служба или сектор го нема целото потребно знаење, ресурси и стручност потребни за решавање на сите проблеми и надминување на сите бариери. Затоа, овој процес треба да ги вклучи сите“, рече Ѓултен Мустафовска, државен советник во Министерството за труд и социјална политика.Во земја во која повеќето деца со попреченост и натаму се чуваат во „невидливост“ и не се опфатени со официјалните податоци, во која продолжува дискриминацијата во пристапот кон услуги и е голема веројатноста да не одат во градинка и во редовно училиште – оваа консултативна средба на национално ниво се сосредочи на новата визија за инклузија на деца со попреченост во семејството, заедницата, институциите и општеството во целост. И покрај тоа што фокусот беше на политиките, институциите и услугите, учесниците се соочија со предизвикот да ја опфатат перспективата на детето преку примена на пристап од гледна точка на животен циклус, односно да ги опфатат потребите на децата со попреченост од моментот на раѓањето, преку развојот во раното детство, школувањето и адолесцентниот период, потоа расположивите услуги во различни сектори и како тие може да се обединат во процесот на идентификација и интервенција на деца од различна возраст. Перспективата на детето беше нагласена и преку учество на самите деца. Деца со попреченост заедно со своите соученици од инклузивните основни училишта „Браќа Рамиз и Хамид“, „Ѓоргија Пулески“, „Лазо Ангелески“ и „Димо Хаџи Димов“ учествуваа во паралелна сесија на која разговараа за состојбата во училиштето, заедницата и општеството – како да учат заедно и да се дружат, кои се нивните заеднички потреби и интереси, и како да се гради солидарност и тимска работа. Нивните заклучоци беа претставени на креативен начин преку цртежи и песни во пленарниот дел од консултациите. Тоа беше јасен израз на потребата системот и детските гледишта да се здружат со што се согласија сите учесници. „И покрај напредокот, за многу деца со пореченост се уште нема можност за учество – само еден отсто од сите деца што посетуваат градинка се деца со попреченост. Од децата во институции што се лишени од правото на семејство 64 отсто се деца со попреченост”, рече Ража Мсефер Берада, заменик претставник на УНИЦЕФ. „Ваквото исклучување претставува пропуштена можност и за децата и за општеството и огромен изгубен потенцијал“, додаде претставничката на агенцијата за правата на децата на ОН. „Со ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во 2011 година, во Република Македонија континуирано се вложуваат напори да се отстранат системските бариери, но потребно е многу повеќе работа и посветеност да се отстранат предрасудите кои се должат на ставовите и мислењата кон лицата со попреченост”, смета др. Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје. Заклучоците од консултацијата ќе бидат вклучени во финалното истражување. Ова истражување што го подготвија меѓународните експерти проф. Џудит Холенвегер од Универзитетот во Цирих и др. Андреа Мартинуци, раководител на  Е. Медеа Истражувачки центар на научниот институт Конеглиано, ќе обезеди информации за да се обнови поддршката што УНИЦЕФ ја пружи на иницијативите предводени од Владата за подобрување на состојбата на децата со попреченост./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

(Видео) Трамп: Не постигнав никаков напредок во разговорот со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера им изјави на новинарите дека не постигнал никаков напредок во врска со завршувањето на војната...

Европа2 часа

(Видео) Брутален руски напад врз Киев по разговорите Путин-Трамп

Руските сили започнаа повеќечасовен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, насочен кон станбени...

Регион2 часа

(Видео) Студенти: Тотална блокада на Србија наутро; Вучиќ: Ве молам, вразумете се

Белград, Нови Сад и Ниш денес ќе бидат целосно блокирани. Студентите го најавија ова на големите собири синоќа. Тие најавија...

Македонија3 часа

Околу половина час се чека на Богородица и Табановце

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија3 часа

Сончево и многу топло, температурата денеска до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе...

Топ14 часа

Уапсен мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на...

Македонија15 часа

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија15 часа

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија16 часа

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија19 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија20 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ21 час

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ22 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион1 ден

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа1 ден

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа1 ден

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет1 ден

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет1 ден

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет1 ден

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет1 ден

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...