Македонија
(Видео) Мицкоски: СДСМ излези на избори и обели го образот по срамот на Заев
Не се плашам од избори, и не молам Бога да не се случат, му возврати Мицкоски на Заев. Тој на денешната прес-конференција рече дека тој во името на ВМРО-ДПМНЕ бара уште во понеделник да се распушти Парламентот, да се формира техничка Влада, и да се распишат предверемени парламентарни избори.
„Ајде да одиме на избори и да видиме дали Зоран Заев ја ужива довербата, или вистинската анкета ќе му ја испорача народот. Ова не го барам само како ВМРО-ДПМНЕ, туку барам Македонија да престане да губи, и да си оди еден политичар каков што е Заев“, изјави Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја повика и владејачката партија СДСМ да прифатат избори и да не се кријат зад одлуките на засрамениот Заев, рече Мицкоски.
„Излезете на избори да победи достоинствена Македонија. Јас сум сигурен дека ќе ве победиме, а СДСМ толку ќе изгуби, што не знам дали ќе може да се состави повторно како партија“, порача Мицкоски.
Одлуката за промена на името ја оцени како срамна, не водена по волјата на народот, туку како одлука на 81 човек кој кренал два прста. Мнозинството не го поддржа овој договор, вели Мицкоски и додава тоа јасно беше кажано и на референдумот.
Оваа одлука, додава лидерот на партијата против волјата на граѓните, затоа кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, оваа грешка ќе ја исправи. Само политичар како Зоран Заев може да се фали со новото името добиено по пат на уцени и закани.
Мицкоски тврди дека промента на името е резултат на предавство и кариеризам.
„Залудни се лажните насмевки и зарипнатиот глас од славење. Стаклената еуфорија и чаламот не го покрива срамот за името. Зоран Заев готов си“, изјави Мицкоски.
Со капитулацијата со името Мицкоски најавува капитулација во сите сфери во државата, во здравството, економијата, образованието, а рече дека ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).
Македонија
Намалена видливост поради магла на патот Неготино-Демир Капија
Намалена видливост поради магла до 100 метри има на патниот правец Неготино-Демир Капија, соопшти АМСМ.
За време на рехабилитација на државниот пат А2,секција од клучка Волково во должина од 250м во правец кон клучка Кондово поставена е сигнализација каде за сообраќај е затворена левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење(средна) и лентата за принудно запирање(десна лента).
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос

