Спорт
Кјелини: Роналдо ми урна толку соништа, што сега мора да ми помогне (видео)
Џорџо Кјелини признава дека му е мило што е на истата страна со Кристијано Роналдо во Јувентус, откако Португалецот му ги „скршил соништата“ толку многу пати во минатото.
Петкратниот освојувач на „златната топка“ постојано беше „малер“ за „бјанконерите…
Џорџо Кјелини признава дека му е мило што е на истата страна со Кристијано Роналдо во Јувентус, откако Португалецот му ги „скршил соништата“ толку многу пати во минатото.
Петкратниот освојувач на „златната топка“ постојано беше „малер“ за „бјанконерите“ уништувајќи ги нивните европски надежи со честопати фантастични голови во финалињата и во другите фази на натпреварување во Лигата на шампионите. Но, сега 33-годишниот Роналдо е на „вистинската страна“, вели Кјелини.
„Кристијано постигна толку многу голови против нас и ми ги скрши соништата толку пати – во Кардиф, во Мадрид, во Торино. Претходно, Лигата на шампионите беше сон за мене. Сега, станува цел, бидејќи во Кристијано го имаме најдобриот фудбалер на светот и тој ќе ни помогне да го направиме последниот чекор. Тој има фантастични вештини на теренот, но надвор од него, неговиот однос, неговата работа, неговите подготовки се навистина важни за нас. Тимот е сменет поради него и сега мислам дека сме еден од четири-пет тима кои се фаворити – Барселона, Манчестер сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен“, вели Кјелини во интервју за „Би-би-си спорт“.
Иако италијанскиот ветеран има 34 години, вели дека научил многу од Роналдо.
„Бев љубопитен да видам што се случува надвор до теренот. Неговата работа во вежбалната, неговата концентрација, тоа се обидувам да го копирам. Да бидам подобар секој ден“, додава Кјелини.
Инаку, Роналдо постигна 10 голови против својот сегашен клуб:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија главната фаза ја отвора утре против Австрија
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија од третата позиција во Д групата избори пласман во главната фаза на 29. Светско првенство. Победа, реми и пораз е учинокот на македонските ракометари во групата во која беа Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Групата Д, во главната фаза ќе вкрсти со групата Ц, која со максимални три победи ја освои Франција. две победи и пораз забележа Австрија, победа и два порази оставри Катар, а без победа првата фаза ја заврши Кувајт.
Во новоформираната група Франција ќе стартува со четири бода, Унгарија со три, Австрија и Холандија со два, Македонија со еден, а Катар без ниту еден бод.
Светската ракометна федерација (ИХФ) го одреди термините во кои ќе се играат натпреварите во Вараждин.
Македонија утре од 15.30 часот ќе игра против Австрија, во истиот термин в четврток прптивник на ракометарите ќе им биде Катар, а оваа фаза ќе ја затворат в сабота од 20.30 часот, против најголемиот фаворит во групата, Франција.
Спорт
(Видео) Како Сидорф ги опиша своите колеги со еден збор?
Легендарниот Кларенс Сидорф, освојувач на Лигата на шампионите со три различни клуба, доби задача да ги опише ѕвездите на европскиот фудбал со еден збор додека гостуваше на Би-би-си.
Сидорф играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Милан, а беше соиграч и противник на многу големи имиња.
Вака ги опиша:
Роналдињо – уживање, радост
Кака – напредок
Кристијано Роналдо – голови
Златан Ибрахимовиќ – таеквондо
Килијан Мбапе – брзина
Џуд Белингем – личност
Кларенс Сидорф – љубител на фудбалот
Роберто Карлос – цимер
Clarence Seedorf gives his one word descriptions of some of the #UCL stars. 👌 pic.twitter.com/fxRq5AvIcK
— BBC Sport (@BBCSport) January 20, 2025
Спорт
Порто го отпушти тренерот, навивачите славеа пред „Драгао“
Португалскиот великан Порто соопшти дека клубот ја прекинал соработката со досегашниот тренер Бруно Витор.
Порто е првиот тим на Бруно во кариерата, а за тренер беше назначен во јуни. Неодамна во декември беше прогласен за најдобар тренер во португалската лига, откако неговиот тим забележа четири победи и едно реми.
Порто ги загуби последните три натпревари. Прво беа поразени од Спортинг во полуфиналето на Лига купот на 7 јануари, а потоа загубија два последователни натпревари во португалската лига. Порто се наоѓа на третото место на табелата со 40 бодови.
По шест одиграни натпревари, Порто се наоѓа на 18. место на табелата во Лига Европа со осум бодови.
Португалските медиуми пишуваат дека тренерот ја немал поддршката од играчите, а еден од предводниците на бунтот бил ветеранот Пепе, кој одбивал да игра под палката на Витор.
„Пепе не е опција бидејќи тој така сака. Тој повеќе сака да игра видео игри. Има некои кои го сакаат тука, други не го сакаат толку многу”, изјави неодамна тренерот, Бруно Витор.
Стоперот наводно не го гледал мечот против Жил Висенте, преку стриминг платформата „Face It“ било утврдено дека тој во тој момент ја играл популарната видео игра „Кантер Страјк“.
Пеп ова го демантираше на социјалните мрежи, посочувајќи дека мечот го гледал со семејството.
Навивачите со факели пред „Драгао“ стадионот го прославија отказот на Витор. Хорхе Коста треба да биде новиот тренер на Порто.