Контакт

Соопштенија

СДСМ: Во 2019 продолжуваат растот на платите, зголемувањето на минималната плата и почнува повратот на ДДВ

Објавено пред

Минатата 2018 беше година на стабилизација на економијата и нејзино придвижување, растеа платите по повеќе години, просечната плата се зголеми, минималната плата за сите работници исто така се зголеми, сè повеќе пари завршуваат кај граѓаните, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Во годината пред нас предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што ќе значи повторно отворање на спиралата на раст на платите и повеќе пари кај работниците, кај семејствата.

Покрај минималната, предвиден е раст на платите во сите сектори: во здравството, образованието, детската и социјалната заштита, одбраната, судството, полицијата, културата, а преку зголемената државна помош, ќе растат платите и во приватниот сектор.

Годинава следува реализација на уште една клучна мерка. Граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ од 15 отсто за купените производи или платените услуги. Тоа ќе обезбеди дополнителен годишен приход во секое семејство.

Реформираниот систем на социјална заштита обезбедува лицата приматели на социјална помош да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош.

Ова се само дел од придобивките за граѓаните предвидени за оваа 2019 година. Со членството во НАТО, со почнувањето на преговорите со ЕУ, економскиот раст ќе се интензивира, ќе се отвораат нови и подобри работни места, македонските компании ќе станат поконкурентнти.

Како одговорна и државотворна партија, продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, интеграција, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

Малодушноста на беровските локални власти

Објавено пред

Колумна на проф д-р Јове Кекеновски

dobivaj vesti na viber

Во време кога повеќето села низ Македонија тивко умираат, кога културното ткиво се кине, секој искрен обид за враќање на животот треба да се слави како национален празник. Но, за жал, во општина Берово сведочиме на спротивното: на рамнодушност, на студенило и на малодушност што срами.

Владимирово, мало село со големи луѓе, покажа што значи љубов кон корените. Таму, на иницијатива на Културниот центар „Горан Алачки“, „ЗВИС“ – здружение за владимирски илинденски средби и фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, старата сала на задружниот дом е реновирана и истата беше именувана по светскиот диригент Ванчо Чавдарски, гордост на Владимирци, на Берово, на Република Македонија. Целта на овие ентузијасти е полека да го враќаат животот во своето огниште. За неполн еден месец таму ќе се одржи првиот Фолк – фестивал на македонски народни песни „Владимирово 2025“.

И кога требаше сите да бидеме заедно – кога се славеше културата, музиката, историјата, споменот на најголемиот македонски диригент, достоинството – локалните власти на Берово се сокрија. Градоначалникот и општината не само што не беа заинтересирани за овој настан, туку и не ги удостоија своите сограѓани со својата присутност на отворањето на салата „Ванчо Чавдарски“ . Ни со гест, ни со збор, ни со почит. Кога настан со учество на оперскиот великан Борис Трајанов, Камерниот оркестар на скопските солисти на чело со професор Васил Атанасов, диригентот Ангел Спировски и други врвни уметници и вљубеници во Македонија и македонската музика и култура останува игнориран од највисоките локални власти, тоа не е случајност. Тоа е срам. Тоа е лична и колективна локална морална катастрофа.

Локалната власт на Берово со својот молк ни порача едно: дека не ја чувствува својата општина, не ги чувствува своите луѓе. Заборавија дека функцијата обврзува – на љубов, на присутност, на служба и почит кон оние кои ти ја дале довербата. И поради тоа ми се наметнува едно болно прашање: како дојдовме до таму што вакви и слични персони ги устоличуваме на места кои треба да бидат двигатели на заедницата? Како дозволивме да бираме функционери кои ја губат суштината на служењето уште од првиот ден по изборите?

Одговорот е тежок, но јасен: тоа е резултат на секој наш молк, на секоја прифатена неправда, на секоја изговорена флоскула ‘сите се исти’ и ‘ништо не се менува’, на она што ни е наметнато. Тоа е резултат на секое рамо слегнато во апатија, на секој пат што го изгубивме кога не стоевме за правдата, кога не го поддржавме она што е вистински важно. А токму на вакви настани, токму на вакви обиди за воскреснување на духот, на настан што обединува луѓе од цела Македонија, настан што носи нова енергија во напуштените простори, се гледа кој е човек, а кој само функција.

Кога првиот човек на општината не може да препознае вакво случување во неговиот двор, тоа е знак дека таа функција одамна е саможивна, бирократизирана и отуѓена од сѐ.

Но во секој случај, Владимирово одржа сериозна лекција што мора да остане запаметена: дека културата и љубовта кон татковината не молат за дозвола. Тие се создаваат.

Затоа поучен од овој настан упатувам јавен апел до сите градоначалници и советниците во локалните самоуправи – „Вашата позиција не е само чест, туку и огромна одговорност. Секој ден носите одлуки кои влијаат на животот на вашите граѓани. Не дозволувајте рамнодушноста и суетата да ја дефинираат вашата работа. Не смеете да помислите да дозволите да се игнорираат иницијативи кои го враќаат животот во вашите општини? Не смеете да останете пасивни и рамнодушни пред луѓето кои со своите активности ги збогатуваат вашите локални заедници? Граѓаните не ви дадоа доверба за да се криете од нивните потреби. Тие очекуваат резултати. Очекуваат посветеност. Очекуваат дека ќе бидете гласот на заедничките интереси, а не бариери што ги задушуваат добрите идеи. Секој пат кога не ги поддржувате културните и други иницијативи, кога не покажувате свој личен интерес за важни настани, кога не вложувате во општинскиот живот, вие не само што ја губите довербата на вашите сограѓани, туку и ја намалувате вредноста на вашата институција. Немојте да бидете локални лидери само во свое име. Бидете лидери со дела.

И за крај – не, ова не е пораз на Владимирово. Ова е победа на Владимирци. Победа на љубовта над рамнодушноста. Победа на идејата дека Македонија ќе живее, не благодарение на самобендисаните политичари, туку благодарение на луѓето кои знаат што значи да се сакаат своето и своите. ПР

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Повик за македонските стартап-тимови: компанијата „Моцарт Србија“ го почнува четвртиот циклус на стартап-програмата „Универзум“ – пријавете се!

Објавено пред

Универзумот продолжува да се шири! Компанијата Mozzart – Србија официјално го започна четвртиот последователен циклус на програмата за поддршка на стартап заедницата – Универзум, а пријавувањето е отворено до 11 мај на следниот линк.

dobivaj vesti na viber

Програмата е наменета за тимови чии производи се во завршна фаза на подготовка за излез на пазарот, но им недостига поддршка за првите чекори кон пазарот.

Стартапот што ќе победи ќе добие вредна парична награда од 20.000 евра, додека второ- и треторангираните тимови ќе добијат по 5.000 евра.

Оваа година освен во Србија, Универзум се шири и во регионот, па вратите на стартап заедницата на Mozzart се отворени и за тимови од Хрватска, Република Српска, Федерацијата БиХ, Црна Гора и Македонија.

Избраните стартапи за време на програмата ќе имаат пристап до:

· Специјализирани и прилагодени едукации

· Работа со посветени ментори

· Бесплатно користење на coworking простор

· Разни активности и настани за поврзување со алумни членови, експерти и дел од стартап екосистемот.

Универзум ќе ги води тимовите низ процесот до лансирање на производот, собирање повратни информации од пазарот и стекнување на првите корисници. Средината на октомври е резервирана за Demo Day, каде што тимовите ќе ги претстават своите идеи пред стручно жири.

Досега, преку Универзум поминале 23 тима, кои продолжуваат да ги развиваат своите иновативни решенија. Од „Tinder за вработување“ во ИТ индустријата и платформи за соларна енергија, до решенија за оптимизација на веб-страници, дигитализација на градинки, инвестиции во земјоделство, online купување, поврзување брендови со

инфлуенсери и гејминг платформи – бројни иновативни идеи оживеале во рамки на Универзум.

Проектот се реализира со поддршка и покровителство на Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Република Србија, во рамките на Програмата за промоција и популаризација на иновациската дејност. Ова е втора година по ред како Министерството го поддржува Универзум, што потврдува колку е значаен и кредибилен овој програм на национално ниво. Во соработка со ICT Hub, веќе трета година по ред Универзум се потврдува како единствен и релевантен програм за стартапи во оваа фаза на развој.

ПР

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Македонскиот политиколошки форум објавува повик за доставување трудови

Објавено пред

Македонски Политиколошки Форум, објави интернационален повик за доставување на академски трудови од областа на политологијата, правото и економијата.

dobivaj vesti na viber

Трудовите кои ќе бидат одобрени ќе бидат објавени во електронскиот зборник на Македонски Политиколошки Форум.

 

Право на учество имаат сите студенти и автори од земјава или странство, а трудовите задолжително мора да бидат на македонски или англиски јазик, во една од наведените области во самиот повик.

Сите заинтересирани имаат можност да испратат свој труд (индивидуално или група автори) најдоцна до 15 ти Мај 2025 година. Трудовите треба да ги исполнуваат условите наведени во повикот.

 

Повеќе информации може да добиете на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија35 минути

Двајца браќа обвинети за убиство и за обид за убиство на подмолен начин

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против две лица, кои како...

Македонија2 часа

„Како Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ“, СДСМ најави нов скандал

СДСМ извести дека денеска ќе објави нов скандал, поткрепен, како што велат и со видео докази, „како Панче Тошковски и...

Свет3 часа

Подготовките за избор на нов папа се во тек: исходот неизвесен од кога било досега

Подготовките за избор на нов папа се во тек, а исходот е понеизвесен од кога било, со оглед на тоа...

Свет4 часа

Трамп: Зеленски е подготвен да ѝ го препушти Крим на Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти неговиот украински колега Володимир Зеленски е подготвен да го отстапи Крим на...

Свет4 часа

(Видео) Судир меѓу брод и ферибот на Флорида: едно лице загина, неколку повредени

Едно лице загина, а неколку други се повредени откако рекреативен брод се судри со ферибот што превезувал 45 лица во...

Свет4 часа

(Видео) 30-годишниот маж, кој газеше луѓе на канадски фестивал, обвинет за убиство

Триесетгодишен маж е обвинет по осум точки за убиство од втор степен, откако со автомобилот се забил во толпа луѓе...

Свет5 часа

САД предупредуваат: Вмешаноста на Пјонгјанг во војната мора да престане

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е загрижен поради директното вклучување на Северна Кореја во војната на Русија во Украина и...

Свет5 часа

Северна Кореја потврди: Нашите војници се борат за Русија во војната против Украина

Северна Кореја за прв пат потврди дека испратила војници да се борат за Русија во војната со Украина по наредба...

Македонија18 часа

Таравари отиде во Турција каде ги посети пациентите од трагедијата во Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посетил болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул, каде што се лекуваат двајца од...

Македонија20 часа

Премиерот уверува дека Владата е стабилна и силна

Владата е стабилна и силна, и ги исполнува очекувањата на граѓаните, и покрај бројните предизвици и општата економска катастрофа која...

Македонија22 часа

Детето што загина со мотор немало ниту возачка, ниту кацига, а возело со брзина над дозволената

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен...

Свет23 часа

Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина

Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили...

Македонија24 часа

Власта молчи пред дивеењето на Сашо Мијалков на Охридското езеро, обвини Левица

Периодов интензивно се одвиваат градежни активности на самото крајбрежје на Охридското езеро, во локалитетот познат како Горица 3, додека инвеститор...

Свет1 ден

Од денеска за верниците се отвора гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим

Од денеска гробницата на папата Франциско во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде отворена за верниците, соопшти Ватикан....

Свет1 ден

Фон дер Лајен со порака до Зеленски: Европа секогаш ќе ја поддржува Украина во нејзината потрага по мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Европа секогаш ќе...

Македонија2 дена

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија....

Свет2 дена

Позитивна средба меѓу Трамп, Зеленски, Макрон и Стармер – Доналд си заминал од Рим

На маргините од испраќањето на папата Франциск во Рим, претседателите на САД, Доналд Трамп, Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон...

Македонија2 дена

Вреди: Корупциските досиеја на ДУИ им експлодираат едно по едно

Човекот кој со години го меркаше тронот на Али Ахмети, денес се однесува како да е „паднат од Марс“, а...

Свет2 дена

(Фото+Видео) Папата погребан со едноставна церемонија во „Санта Марија Маџоре“

Поворката со ковчегот на папата Франциско пристигна во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, каде што поглаварот на Католичката црква...

Македонија2 дена

СДСМ бара оставка од Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ им враќа со скандалозни факти

По вооружената пресметка кај Бит Пазар во која животот го загуби 31-годишен маж, СДСМ обвини за распад на безбедносниот систем...