Свет
(Видео) Пронајдена коса од двегодишното дете што падна во бунар во Шпанија
Спасувачките екипи пронајдоа коса од двегодишното дете што падна во длабок бунар во Шпанија. Со ДНК-тестовите е потврдено дека детето се наоѓа во тесниот и многу длабок бунар, но до него, и по неколку дена од настанот, не може да се пристапи. Малиот Џулен Росело, според претпоставките, се наоѓа на длабочина од 73 метри од бунарот, каде што падна во неделата додека со неговите родители биле на село.
Шпански весник „Ел-Еспањол“ пишува дека по четидневно пребарување, спасувачите пронашле коса од детето во калта од бунарот до кој се ископани два помошни тунела.
Стотици спасувачи се вклучени во акцијата за спасување на двегодишното дете и се обидуваат да го извлечат од тесниот бунар во јужната шпанска провинција Малага, кој едвај има една педа.
Детето со своето семејство било во близина на селото Тоталан кога паднало во бунарот. Карлос Мендоза (49) од Малага, кој живее во Тоталан, во изјава за медиумите вели дека родини на семејството само што го купиле имотот пред неколку месеци, каде што планирале да градат куќа. Тие за викендот дошле на имотот.

„Ова е вистинска трагедија за селото, има само 600 луѓе тука и ние навистина сме вознемирени поради ова што се случи“, велат мештаните.
Според нив, ќе биде вистинско чудо ако детето сè уште е живо, но дека сите се молат тоа да се спаси.

Дупката во која паднало детето е длабока над 300 метри, но широка помалку од една педа. И некаде во длабочините на бунарот се верува дека е заробено двегодишното дете. Малиот Џулен Росело се лизнал во бунарот додека неговите родители се подготвувале за ручек во неделата.

За да стигнат до Џулен, спасувачите дупчат два одделни тунела, од кои еден поминува паралелно со бунарот, а другиот е дизајниран да отвори алтернативен хоризонтален пристап користејќи како почетна точка платформа ископана во ридот во близина на бунарот. Тие исто така користат специјални машини за отстранување на земјата што го блокира пристапот до најдлабокиот дел од бунарот и инсталирање цевка во внатрешноста на вратилото за да се намали ризикот од повеќе земја што паѓа во бунарот.

Медиумите ги пренесуваат изјавите на таткото на Џулен, кој ги моли спасувачите да го пронајдат жив син му. Хозе Росело, татко на Џулен, за новинарите изјави: „имаме ангел што ќе му помогне на мојот син да излезе жив што е можно побргу“.
Родителите на Џулен веќе го загубиле својот прв син, кој починал кога имал 3 години, од вродена срцева мана.

Медиумското внимание на операцијата за спасување во јужна Шпанија потсетува на минатогодишните напори за спасување на 12-те момчиња и нивниот фудбалски тренер кои беа заробени повеќе од две недели во поплавената пештера во Тајланд.
Медиумите прават паралела и со случајот со Џесика Меклур, која во 1987 година паднала во напуштена бунарска дупка на 18-месечна возраст и останала заробена 58 часа додека спасувачите не ја извлекле жива и здрава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

