Спорт
Халеп закажа дуел со Венус Вилијамс
Првата носителка на Австралија опен, Симона Халеп, избори пласман во третата рунда. Романката, слично како и во првото коло мораше да вложи многу труд за да ја мине својата противничка, Американката Софија Кенин.
Халеп е далеку од вистинската форма, пр…

Првата носителка на Австралија опен, Симона Халеп, избори пласман во третата рунда. Романката, слично како и во првото коло, мораше да вложи многу труд за да ја мине својата противничка, Американката Софија Кенин.
Халеп е далеку од вистинската форма, против Кенин ги имаше сите предуслови за да забележи лесна победа, но кога го доби првиот сет 6:3 и поведе со 3:0, ѝ дозволи на Американката да се врати во мечот, а потоа во тај-брејкот да израмни на 1:1 во сетови.

Кенин, инаку 37. на ВТА-листата, во третиот сет имаше брејк-предност и водство 2:4, меѓутоа до крајот Романката успеа да добие четири гема и да го реши мечот.
Халеп во третото коло ќе игра против Венус Вилијамс. Искусната Американка во три сета 6/3, 4/6, 6/0 ја победи Ализ Корне од Франција.
Од фаворитките второто коло го минаа Џорџи, Севастова, Ванг, Плишкова, Свитолина, Мертенс, Женг и Осака.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

