Македонија
Џафери се сретна со Романо Проди, добитник на Светската награда за хуманизам за 2019
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со Романо Проди, кој актуелно е универзитетски професор, а претходно двапати беше премиер на Италија и поранешен претседател на Европската комисија.
Повод за оваа средба е номинирањето на Проди за добивање на годинешната Светска награда за хуманизам, награда утврдена од Охридската академија за хуманизам и која му се доделува за неговиот уникатен придонес кон перспективата на модерната цивилизација.
Џафери во својот вовед нагласи дека оваа награда доаѓа во право време кај вистинскиот човек имајќи на ум дека Проди беше дел од претседателството на Европската Унија во навистина критичните моменти за нашиот регион и ова е крунисување на неговиот хуман придонес.
Во продолжение претседателот на Собранието го информира соговорникот за актуелните политички развои, односно за ангажманот на новата владина коалиција за воспоставување добрососедски односи со соседите, со цел непречено одвивање на евро-атлантските интеграции на земјата, на што Проди потврди дека Република Македонија треба повторно да биде ставена во првиот ред за пристапување во Европската Унија затоа што процесот е веќе одамна почнат и сега само треба да се продолжи, а тој ќе го искористи целиот свој капацитет во таа насока.
Претседателот Џафери потврди дека сега сите сили ќе се насочат кон затворање на поглавјата и кон економските прашања затоа што, кога политиката отвора пат на економијата, тогаш придобивките се реални и видливи за граѓаните. Проди, воден од своето искуство, се согласи дека малите земји уште повеќе ги чувствуваат придобивките од членството во Унијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

