Спорт
Ѓоковиќ лесно со Цонга, Зверев се мачеше со Шарди
Првиот носител на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, преку Жо-Вилфрид Цонга успеа да избори пласман во третото коло. За разлика од Ѓоковиќ, кој во три сета го победи Цонга, четвртиот фаворит, Александар Зверев, мораше да игра шет сета против Жереми Шарди …


Првиот носител на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, преку Жо-Вилфрид Цонга успеа да избори пласман во третото коло. За разлика од Ѓоковиќ, кој во три сета го победи Цонга, четвртиот фаворит, Александар Зверев, мораше да игра шет сета против Жереми Шарди од Франција.

Ѓоковиќ не блескаше, но и тоа беше доволно за да го совлада Цонга. Србинот и Французинот играа два часа и девет минути, а Ѓоковиќ победи 6/3, 7/5, 6/4. Србинот ја забележа 17. победа во 23. меч со Цонга.
Ѓоковиќ лесно го доби првиот сет иако на неговиот брејк во четвртиот сет Цонга во наредниот возврати со рибрејк. Вториот сет беше клучен за понатамошниот тек од мечот. До осмиот гем Цонга не искористи пет брејк-топки, а Ѓоковиќ ја реализира првата за водство 5:3.

Францускиот тенисер сепак успеа да се врати во сетот, и тоа во десеттиот гем кога Ѓоковиќ сервира за 2:0 во сетови. Сепак, Цонга немаше сили за пресврт, Ѓоковиќ направи уште еден брејк, а потоа лесно го доби својот сервис гем за 2:0.
Во третиот сет Цонга добро парира до петтиот гем, потоа Србинот направи брејк и лесно го заврши мечот.
Во третото коло противник на Ѓоковиќ ќе му биде младиот тенисер од Канада, Денис Шаповалов.

За разлика од Ѓоковиќ, четвртиот носител, Зверев, успеа да прокоцка предност од 2:0 во сетови и му дозволи на Шарди да стигне до 2:2. Сепак, во последниот сет Германецот доминира и го заврши мечот по три часа и 50 минути со 6/4, 7/6, 5/7, 6/7, 6/1.
Зверев во наредната рунда ќе игра против домашната сензација, момчето со славно презиме Алекс Болт, кој во пет сета го победи Жил Симон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин