Спорт
Распоред на натпреварите во главата фаза на СП
Данска и Хрватска со четири бода влегоа во втората рунда на 26. Светкско првенство во ракомет. Пред стартот на втората фаза овие две селекции имаат најголеми шанси да изборат полу-финале. Двете полу-финални средби, според распоредот ќе се играат на 25….


Данска и Хрватска со четири бода влегоа во втората рунда на 26. Светкско првенство во ракомет. Пред почетокот на втората фаза овие две селекции имаат најголеми шанси да изборат полуфинале. Двете полуфинални средби според распоредот ќе се играат на 25 јануари во Хамбург.
Табели и распоред на втората фаза:
Група 1 (Келн)
1. Хрватска 4 бода
2. Германија 3
3. Франција 3
4. Шпанија 2
5. Исланд 0
6. Бразил 0
19 јануари:
18 ч Франција-Шпанија
20.30 ч Германија-Исланд
20 јануари:
18 ч Бразил-Хрватска
20.30 ч Исланд-Франција
21 јануари:
18 ч Шпанија-Бразил
20.30 ч Хрватска-Германија
23 јануари:
15.30 ч Бразил-Исланд
18 ч Германија-Шпанија
20.30 ч Франција-Хрватска
Група 2 (Хермнинг):
1. Данска 4 бода
2. Шведска 2
3. Норвешка 2
4. Унгарија 1
5. Египет 1
6. Тунис 0
19 јануари:
18 ч Тунис-Шведска
20.30 ч Данска-Унгарија
20 јануари:
18 ч Норвешка-Египет
20.30 ч Унгарија-Тунис
21 јануари:
18 ч Шведска-Норвешка
20.30 ч Египет-Данска
23 јануари:
15.30 ч Тунис-Египет
18 ч Норвешка-Унгарија
20.30 ч Данска-Шведска
Македонската репрезентација ги продолжува борбите во Президент-купот и ќе разигрува за пласман од 17. до 20. место. Утре, од 18 часот, Македонија ќе игра против Русија. Во случај на победа, в недела македонските ракометари ќе се борат за 17. место против победникот од дуелот помеѓу Австрија и Аргентина.
Поразот од Русија ќе значи дека со поразениот од мечот Австрија-Аргентина ракометарите в недела ќе играат за 19. место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин