Регион
Бактерии и отрови на хартиените кујнски бришачи

Кујнските бришачи, особено оние што се направени од рециклирана хартија и ако за нивното произведство се употребени избелувачи, не треба да се користат за завиткување храна и за бришење на измените садови, предупреди Словенечкото здружение на потрошувачи по лабораториските анализи на повеќе примероци од словенечките продавници.
Од тестирани девет примероци, четири добиле оценка позитивна оценка за употреба во кујната, два добиле просечна оценка, а три биле оценети како незадоволителни. Кај некои од нив се пронајдени бактерии и хемистки остатоци кои може да дојдат во контакт со храната и се штетни за здравјето.
При испитувањето на микробиолошките карактеристики на примероци се покажало дека некои резултати се загрижувачки бидејќи површината на хартија содржи мезофилни бактерии кои може да бидат патогени, изјави Боштјан Окорн од Сојузот на потрошувачите на Словенија (ЗПС), што е најголемо здружение за заштита на правата на потрошувачите.
На потрошувачите им се препорачува да купуваат и да користат само хартиени бришачи од нерециклирана хартија за да ја намалат можноста за пренос на нечистотија и хемиски остатоци на храната. Исто така, ако е можно, се препорачува да се користат класични кујнски крпи наместо хартиени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Регион
Големи пожари беснеат на најмалку пет различни локација во Грција

Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области.
Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница.
Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки.
За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција.