Спорт
Надал е „црна мачка“ за Австралијците, продолжува ренесансата на Агут
Рафа Надал е „црна мачка“ за домашните тенисери на годинешното издание на Австралија опен. По Џејмс Дакворт и Метју Ебден, Надал во третото коло го елиминира Алекс де Минаур.
foto: epa
Шпанецот против 29. на АТП листата на теренот мина два часа и 24 ми…

Рафа Надал е „црна мачка“ за домашните тенисери на годинешното издание на Австралија опен. По Џејмс Дакворт и Метју Ебден, Надал во третото коло го елиминира Алекс де Минаур.

Шпанецот против 29. на АТП листата на теренот мина два часа и 24 минути и победи во три сета (6/1, 6/2, 6/4). Талентираниот Де Минаур вистински отпор на фаворитот му пружи само во третиот сет, вистински делириум на трибините предизвика кога во десеттиот гем успеа да спаси пет меч топки.
Пресметката во Мелбурн беше втора помеѓу Надал и Де Минаур, по која Шпанецот води 2:0 во меѓусебните дуели. Лани на Вимблдон Надал исто така славеше во три сета.
Надал во четвртото коло за противник ќе го има Томаш Бердих.

Уште еден Шпанец ќе игра во осмина-финалето. Тоа е Роберто Баутиста-Агут кој доживува ренесанса во својата игра од почетокот на сезоната. Агут, кој сезоната ја започна со победа на турнирот во Доха, каде во полу-финалето го победи Новак Ѓоковиќ, а во финалето Томаш Бердих, во третата рунда го декласира деветтиот фаворит Карен Хачанов од Русија.
Два часа и десет минути траеше борбата која Агут ја доби со 6/4, 7/5, 6/4. Агут во наредната рунда ќе игра против Марин Чилиќ или Фернандо Вердаско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лапорта жестоко го нападна Реал: 70 години делегираа судии
Поранешниот претседател на Барселона, Џоан Лапорта, во понеделникот ја претстави својата книга „Како ја спасивме Барса“, во која, меѓу другото, се осврнува на таканаречениот случај Негреира.
Во книгата, Лапорта ги отфрла сите обвинувања за корупција во судењето и повторно го впери прстот кон најголемиот ривал Реал Мадрид. Тврди дека најголемиот скандал во историјата на шпанскиот фудбал е фактот што луѓе поврзани со Реал назначувале судии 70 години.
Книгата, која ќе биде во продажба од 24 февруари, се занимава со вториот петгодишен мандат на Лапорта на чело на клубот, за време на кој се соочил со хаотична финансиска ситуација, заминувањата на Лионел Меси, Роналд Куман и Чави Ернандез и лансирањето на Суперлигата.
Едно од поглавјата е посветено на случајот Негреирао, во кој Лапорта инсистира дека Барселона не направила ништо нелегално. Во книгата, тој, исто така, упатува јавен предизвик до сите што го обвинуваат клубот.
„Нема докази дека исплатите на Барселона на компании поврзани со поранешниот потпретседател на Судиската комисија влијаеле врз делегирањето на судиите или врз исходот од натпреварите. Ги поканувам сите оние кои толку лесно и лекомислено нè обвинуваат за корупција на судиите да наведат еден натпревар, гол, акција или контроверзна одлука што би била последица на тие технички консултации“, рече Лапорта.
Реакцијата на Лапорта доаѓа откако претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, пред неколку дена изјави дека случајот Негреира е најголемиот скандал во светскиот фудбал и побара Барселона да биде казнета. Во книгата, Лапорта го обвинува Реал Мадрид дека е циничен затоа што се претставува како жртва.
„Треба да се запомни дека седум децении, речиси без прекин, претседателите на судиските организации, како и да се нарекуваа, беа навивачи на Реал Мадрид, поранешни играчи или поранешни директори на клубови. Значи, седумдесет години, членови, поранешни играчи или поранешни директори на Реал Мадрид назначуваа судии кои требаше да ја делат правдата во натпреварите од Ла Лига и Купот на Кралот. Ова е, без сомнение, најголемиот скандал во историјата на шпанскиот фудбал“, нагласува поранешниот претседател на Барселона.
Foto/ depositphotos
Спорт
Хари Кејн за Барселона: Не знам ништо, прашајте ги татко ми и брат ми
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн, одговори на шпекулациите што го поврзуваат со трансфер во Барселона на крајот од сезоната. Иако, медиумите се повеќе го поврзуваат со трансфер на „Камп Ноу“, англискиот репрезентативец вели дека не знае ништо за евентуалниот трансфер.
„Не знам ништо. Мојот татко и брат се грижат за тие работи, па можно е да слушнале нешто, но никој не ми кажал ништо. Се чувствувам одлично во Минхен, уживам во фудбалот и сум целосно фокусиран на моите обврски со Баерн“, рече Кејн.
Дека неговиот фокус е исклучиво на теренот, тој потврди во последното коло, кога го водеше Баерн до победа од 3:2 против Ајнтрахт Франкфурт со два гола.
Англичанецот има исклучителна сезона зад себе, постигна 28 гола на 23 натпревари и сериозно се приближи до рекордот што го држи Роберт Левандовски, кој постигна 41 гол во сезоната 2020/21.
Спорт
Гризман ја игра последната сезона во Атлетико
Легендата на Атлетико Мадрид, најдобриот стрелец во клупската историја, Антоан Гризман, ја игра својата последна сезона на „Метрополитано“. Извесно е дека тој кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, објави „Атлетик“.
Светскиот првак со Франција од 2018 година наводно е на мета на Орландо, кој сака да го комплетира трансферот во текот на следниот месец, бидејќи трансфер пазарот во МЛС трае до 26 март.
Истиот извор додава дека Орландо е само еден клубовите кои не го кријат интересот за Гризман. Поради интересот на други клубови, Орландо има намера што е можно поскоро да го заврши трансферот.
Во случај трансферот да не биде комплетиран до крајот на следниот месец, франшизата од Флорида ќе има нова можност од летото, бидејќи преодниот рок трае од 13 јули до 2 септември.
Иако преговорите меѓу двете страни официјално не се започнати, „Њујорк тајмс“ објавува дека спортскиот директор на Орландо веќе неколку пати ја посетил Шпанија, распрашувајќи се за можноста зда го потпише Гризман.
Иако Орландо сака да го заврши трансферот, малку е веројатно дека Гризман ќе го напушти Атлетико пред крајот на сезоната, бидејќи финалето на Копа дел Реј е закажано за 18 април. Атлетико има голема шанса да игра во финалниот меч, бидејќи има 4:0 предност против Барселона, пред реваншот закажан за 3 март на „Ноу Камп“.
Антоан Гризман, со исклучок на две сезони во Барселона е играч на Атлетико од 2025 година. Францускиот ас одигра 480 натпревари за клубот, постигна 210 голови и забележа 95 асистенции.

