Спорт
Ко-домаќините Данска и Германија со убедливи победи
Германија и Данска, ко-организаторите на Светското првенство во ракомет, остварија важни победи во своите групи за да направат чекор кон полуфиналето на Мундијалот.
Данска направи предност во првото полувреме против Унгарците, кое на крај го заддржа за…
Германија и Данска, ко-организаторите на Светското првенство во ракомет, остварија важни победи во своите групи за да направат чекор кон полуфиналето на Мундијалот.
Данска направи предност во првото полувреме против Унгарците, кое на крај го заддржа за 25:22 (15:10) победа со која тие заедно со нордиските ривали Шведска остануваат на врвот на табелата во групата Ф со по шест поени. Микел Хансен ги предводеше Данците со седум гола, а Лауге додаде пет, додека кај Унгарците Золтан Сита имаше пет голови.
Германците во Келн пак, со 24:19 го победија Исланд за да се промовираат покрај Французите и Хрватите како фаворити за полуфинале во групата Е. Штефан Фет беше најефикасен со шест голови, додека незаменливиот Уве Генсхајмер додаде пет.
СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 2.ФАЗА, 1.КОЛО
ГРУПА Е
Франција – Шпанија 33:30 (17:15)
Германија – Исланд 24:19 (14:10)
Табела: 1.Франција 5, 3.Германија 5, 2.Хрватска 4, 4.Шпанија 2, 5.Исланд 0, 6.Бразил 0
ГРУПА Ф
Тунис – Шведска 23:35 (14:19)
Данска – Унгарија 25:22 (15:10)
Табела: 1.Данска 6, 2.Шведска 6, 3.Норвешка 2, 4.Унгарија 1, 5.Египет 1, 6.Тунис 0
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Милан и Челзи постигнаа договор за Феликс
Фудбалскиот клуб Милан постигна договор со Челзи за позајмица на Жоао Феликс, пренесува Танзи Лоик, новинар на „Лекип“.
Португалскиот напаѓач со денови се поврзуваше со трансфер во Милан, а како што стојат работите, двата клуба постигнаа договор на истекот на преодниот рок. Феликс ќе го напушти Челзи по само шест месеци, откако му се приклучи на англискиот клуб минатото лето од Атлетико Мадрид. „Сините“ на Атлетико му платија 52 милиони евра за трансферот на Португалецот.
Донесен како големо засилување, Феликс не успеа да му се напетне кај тренерот Енцо Мареска. Во Премиер лигата речиси и да не играше, место во тимот имаше само во Лига купот и Конференциската лига.
Феликс има договор со Челзи до јуни 2030 година. Позајмицата Милан ќе ја плати пет милиони евра. Во договорот не постои клаузула за откуп на договорот.
Феликс кариерата ја започна во Бенфика, во 2019 година се пресели во Атлетико за клупски рекорд од 126 милиони евра. Не ги оправда вложените пари, па Атлетико го испраќаше на позајмици во Челси и Барселона.
Спорт
Сити го договори и Нико Гонзалес, 24 милиони од трансферот одат во касата на Барселона
Манчестер сити заврши уште еден трансфер во зимскиот преоден ток. „Граѓаните“ го договорија трансферот на Нико Гонзалес од Порто.
Сити ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра. Од овој трансфер значителна сума ќе заработи Барселона. Кога Барселона го продаде Нико Гонзалес во Порто задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.
Пеп Гвардиола смета дека младиот Шпанец ќе биде добра замена за Родри, кој во септември ја заврши сезоната.
Нико е четвртото засилување за „Граѓаните“ во овој преоден рок. Претходно во клубот дојдоа Омар Мармуш, Витор Реис и Абдукодир Хусанов.
Со трансферт на Нико Гонзалес, Сити потроши 200 милиони евра во актуелниот преоден рок.
Спорт
Хименез е нова „деветка“ на Милан
Фудбалскиот клуб Милан го официјализира трансферот на Сантијаго Хименез од Феенорд. 23-годишниот Мексиканец потпиша договор до 2029 година, ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.
Милан за трансферот на Хименез плати 32 милиони евра, дополнителните бонуси на клубот од Холандија можат да му донесат уште три милиони евра.
Ова е втор најголем зимски трансфер во историјата на Милан. Иста сума клубот издвои за Кшиштоф Пјатек, кој пред точно шест години пристигна од Џенова на Сан Сиро, а во јануари 2019 година Милан на Фламенго за Лукас Пакета плати 38 милиони евра.
Хименез за Феенорд одигра 105 натпревари, постигна 65 голови и забележа 14 асистенции.
Интересно може да дебитира за новиот клуб токму против Феенорд. Милан е Феенорд ќе играат бараж двомеч за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.