Спорт
Фетел и Мик Шумахер поразени во финалето на „Трката на шампиони“ (видео)
Нордискиот тим на Том Кристенсен и Јохан Кристоферсон го освоија Купот на нации на „Трката на шампиони“ во Мексико Сити, победувајќи го германското партнерство на четирикратниот Ф1 светски шампион, Себастијан Фетел и Мик Шумахер, синот на легендарниот …
Нордискиот тим на Том Кристенсен и Јохан Кристоферсон го освоија Купот на нации на „Трката на шампиони“ во Мексико Сити, победувајќи го германското партнерство на четирикратниот Ф1 светски шампион, Себастијан Фетел и Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер.
Германија одеше на деветта РОЦ титула, од кои повеќето ги освои Фетел во партнерство со постариот Шумахер пред неговата несреќа на скијање и повредата на главата.
Во финалето со три трки, Фетел загуби од деветкратниот шампион од 24 часа Ле Ман, Кристенсен откако „закачи“ реклама на последната кривина и еден од банерите му се закачи на предното тркало на РХ Суперлајт автомобилот. Шуми јуниор потоа го победи двократниот Реликрос шампион Кристоферсон со 2:0 во ВУХЛ-5 автомобил.
Претходно во полуфиналето имаше интересно Шумахер партнерство – Мик заедно со неговата постара сестра Џина возеа РХ Суперлајт автомобил да го победат Бразилецот Хелио Кастроневеш, трикратниот шампион од Индијанаполис 500.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ова е совршено изведен пенал
Многумина тврдат дека ова е најдобро изведениот пенал во историјата на фудбалот.
Често велат дека пеналите се лотарија и не постои перфектно изведен пенал. Сепак, за шутирање од белата точка е потребен и тренинг, а не само талент. И ако ги комбинирате двете, тој пенал навистина може да биде совршен.
Во шпанската Сегунда на четири кола пред крајот се води голема борба за пласман во Ла Лига. Во моментов водат Леганес и Ваљадолид со по 67 бодови, а зад нив е Еибар со 64 бодови.
Токму Еибар, викендов славеше со убедливи 5:0 против Аморебиета, а мечот го одбележа пеналот на Агер Акече.
Otro ángulo del gol de Aketxe. #SDEibar pic.twitter.com/n40j2V88t5
— El Milagro de Valencia (@EibarXtra) May 6, 2024
Спорт
Просинечки ги издвои најдобрите од поранешна Југославија, не го спомна Модриќ
Роберт Просинечки (55) пред три месеци стана селектор на црногорската фудбалска репрезентација. Откако ги победи Белорусија и Македонија во првите пријателски натпревари, тој одговараше на прашања за социјалните мрежи на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.
Најинтересен е одговорот на прашањето кое Црногорците го нарекоа ултимативно: Кој е најдобриот екс-ју фудбалер на сите времиња?
„Тешко ми е да го кажам. Знаете, ако кажам Дејо Савиќевиќ, тогаш ќе кажат дека тој е мојот претседател. Имаше многу добри играчи на овие простори, секој од нив обележа еден период. Ги имаше многу, за никој да не се налути или да помисли нешто. Имаше неверојатен број на одлични играчи од генерацијата на Хрватска, а да не зборуваме за играчите кои направија неверојатни кариери, играа во најголемите клубови толку години, па тешко ми е да кажам кој е најдобриот, но еден од нив е Шукер, па Шукер, Бобан потоа Папе Сушиќ. Ова го кажав на брзина. Тоа беа играчите кои го обележаа фудбалот не само во Хрватска туку и во поранешна Југославија.”
Интересно, Просинечки не го ни спомна Лука Модриќ, единствениот добитник на Златна топка од просторот на поранешниот југ и најтрофејниот фудбалер во историјата на Реал.
Спорт
Словенец во рекорден трансфер доаѓа на „Сан Сиро“?
Милан во летниот преоден рок ќе остане без Оливие Жиру. Ветеранот како слободен играч се сели во САД, а клубот ќе мора да најде замена. Тројца играчи се поврзуваат со Милан: Бенјамин Шешко, Џошуа Зиркзе и Серху Гираси, а според медиумите рв пик е репрезентативецот на Словенија.
„Газета дело спорт“ во своето денешно издание пишува дека Шешко има излезна клаузула од 65 милиони евра, која може да се зголеми за дополнителни десет милиони доколку играчот не го напушти клубот во раната фаза од летниот преоден рок.
Овој извор пишува дека ситуацијата во Милан одамна е таква што клубот прво мора да заработи пари од продажба на играчи за да инвестира дел од нив во засилувања, како и дека многу англиски клубови се заинтересирани за Шешеко (20).
Словенецот оваа сезона постигна 16 гола на 40 натпревари.
Доколку трансферот биде реализиран, Милан ќе го урне клупскиот рекорд. Трансфер рекордот го држи Рафа Леао за кого клубот издвои 49 милиони евра.