Спорт
Алваро Мората се враќа во Мадрид
Напаѓачот на Челси, Алваро Мората, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид. „Марка“ открива дека двата тима постигнале договор, иако Челси во почетокот одбивале да преговараат за позајмица на напаѓачот. Според овој извор Мората од ут…

Напаѓачот на Челси, Алваро Мората, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид. „Марка“ открива дека двата тима постигнале договор, иако Челси во почетокот одбивал да преговара за позајмица на напаѓачот. Според овој извор, Мората од утре официјално ќе стане член на Алетико.
Алваро Мората дел од својата јуниорска кариера минал во Атлетико, за потоа преку Реал, Јувентус и Челси повторно да се врати во редовите на „јорганџиите“. Мората е најскапото засилување во историјата на Челси.
Сепак, тој не ги исполни очекувањата на „Стенфорд Бриџ“, а сега се обиде да се врти во форма во Атлетико.
Договорот на клубовите е дека Атлетико по завршувањето на сезоната ќе може да го откупи неговиот договор за 40 милиони евра.
Во меѓувреме, Атлетико се обидува да се ослободи од двајца играчи, кои во клубот пристигнаа во летниот преоден рок. Никола Калиниќ и Желсон Мартинш не ги оправдаа очекувањата на тренерот Диего Симеоне.
Заминувањето на Мората од Челси значи „сините“ ја завршиле работата околу трансферот на Гонзало Игуаин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

